Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата два земјотреса беа почувствувани

Објавил: admin@magazin | 1 февруари, 2022 6:04

Два земјотреси регистрирани во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Земјотрес во Македонија!

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер регистрираше земјотреси 100 km јужно од Скопје кои потекнуваат од епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата два земјотреса беа почувствувани: првиот земјотрес во 21 часот и 7 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.5 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и вториот во 21 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6. и интензитет од III-IV степени според истата скала.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјотрес

Од првичните извештаи на сеизмолозите епицентарот е на длабочина од два километри во близина албанскиот град Клос со магнитуда од 4,8 степени.

Земјотрес почувствуван во Битола, епицентарот е во Албанија

Битолчани, вчера вечер во 22:37 часот почувствуваа земјотрес кој најмногу ги вознемири...

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри источно од Римини, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Нема информации за жртви.

По првиот удар, неколку помали земјотреси се забележани во централна Италија и во Јадранското Море, недалеку од италијанскиот брег. Земјотресот бил почувствуван и во Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Порталот 24сата.хр наведува дека земјотресот бил почувствуван и на хрватското приморје и во Словенија.

„Креветот се тресе на сите страни, десет секунди имаше силно тресење, галебите вознемирени“, изјави за порталот читател од Задар.

Силен земјотрес во Италија, се почувствувал и во Хрватска

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди централна Италија со епицентар на 64 километри...