
Македонија
Вести
Две политички анкети спроведени откако претседателот на САД, Џо Бајден ја повлече својата кандидатура, покажуваат дека неговата заменичка Камала Харис, доколку биде избрана за кандидат на Демократската партија, ќе загуби од нејзиниот ривал, републиканскиот кандидат, Доналд Трамп.
Харис рече дека ја обезбедила поддршката од мнозинството делегати на Демократската национална конвенција за да биде номинирана од Демократската партија.
Сепак, две анкети објавени од Њузвик покажуваат дека Харис можеби „не е доволно силна“ за да го победи Трамп.
Анкетата „On Point Politics/Social Research“ спроведена по најавата на Бајден анкетираше 801 гласач.
Од анкетираните, 51 отсто одговориле дека би гласале за Трамп доколку изборите се одржат денеска, додека 43 отсто би гласале за Харис, а шест отсто се неопределени.
Анкетата на Morning Consult исто така покажа дека Трамп води. Според анкетата, за Трамп гласале 47 отсто од испитаниците, а за Харис 45 отсто.
Порасна Wall Street, во фокус кандидатурата на Камала Харис – БЕРЗА
На Wall Street денеска пораснаа берзанските индекси, што најмногу се должи на корекцијата на цените на акциите на големите технолошки компании, по остриот пад минатата недела.
Индексот Dow Jones зајакна 0,32 отсто, на 40.415 поени, додека S&P 500 порасна за 1,08 отсто, на 5.564 поени, а Nasdaq 1,58 отсто, на 18.007 поени.
Минатата недела овие индекси драстично паднаа, меѓу другото, поради ротацијата на капиталот од технолошкиот сектор, што го доведе растот во последните години, до сектори кои би можеле повеќе да имаат корист од намалувањето на каматните стапки. Имено, на пазарот зајакна мислењето дека американската централна банка во септември ќе ги намали каматните стапки бидејќи инфлаторните притисоци се намалуваат, додека економскиот раст забавува.
Но, вчера акциите на многу технолошки гиганти вратија дел од минатонеделните загуби. Цените на акциите на Alphabet, Meta Platforms, Nvidia и Tesla пораснаа меѓу 2,2 и 5,1 отсто.
„Релито на тие акции е повеќе корекција по минатонеделниот пад отколку што било друго“, рече Џејсон Прајд, стратег во Glenmede.
Вчера инвеститорите беа фокусирани и на политичката сцена, откако американскиот претседател Џо Бајден во неделата се повлече од трката за втор мандат.
Бајден ја поддржа потпретседателката Камала Харис како демократски претседателски кандидат, но прашање е кој всушност ќе ја добие таа кандидатура.
Одлуката на Бајден не е неочекувана, со оглед на неговата лоша здравствена состојба. Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп имаше значително водство во анкетите пред Бајден, но неговата предност пред Камала Харис е значително помала.
Инвеститорите се фокусирани и на деловните резултати на компаниите и банките во вториот квартал. Извештаите од Alphabet и Tesla ќе привлечат најмногу внимание оваа недела. И на европските берзи вчера поскапеа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,53 отсто, на 8.198 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 1,29 отсто, на 18.407 поени, а париски CAC 1,16 отсто, на 7.622 поени.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.