Просторот во центарот на градот беше под силно полициско обезбедување. Ова беше на околу 300 метра оддалеченост од главната бина каде се одржуваше концертот на српската фолк-пејачка Светлана Ражњатовиќ-Цеца во рамките на втората вечер на „Пивофест“ кога имаше бројни посетители. И воопшто, во централното подрачје, на штандовите имаше многу посетители и гости.

Објавил: Валерија Петрова | 20 јули, 2019 10:52

ДВЕ БОМБИ ВО РОК ОД 10 ДЕНА: Пронајдена бомба во кафе-бар во Прилеп – градот под силно полициско обезбедување

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Избегната е голема штета за  време на „Пивофест“ откако беше пронајдена школска рачна бомба. Како што соопштуваат од МВР, во угостителскиот објект, кафе-барот „Кафе ин“ во строгиот центар на Прилеп ноќеска во 23,10 часот е пронајдена школска бомба што, според полицијата, немала експлозивно полнење.

Пронајдена и отстранета школска бомба во центарот на Прилеп

Полицијата го обезбедуваше просторот околу кафе-барот и се чекаше единица од МВР да ја отстрани бомбата.

-Веднаш се преземени соодветни мерки и школската бомба е подигната од местото. Нема повредени лица, ниту материјална штета. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Просторот во центарот на градот беше под силно полициско обезбедување. Ова беше на околу 300 метра оддалеченост од главната бина каде се одржуваше концертот на српската фолк-пејачка Светлана Ражњатовиќ-Цеца во рамките на втората вечер на „Пивофест“ кога имаше бројни посетители. И воопшто, во централното подрачје, на штандовите имаше многу посетители и гости.

Ова е вторпат за десетина дена пред истиот кафе-бар во центарот на градот да биде поставена рачна бомба. На 10 јуни околу пладне беше пронајдена рачна бомба пред истиот кафе-бар, „Кафе ин“ за која се констатира дека е „кашикара“, наполнета и активирана, но не експлодираше. За тој случај сѐ уште се води истрага.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

,,Мислам дека ако не излезеше написот на Геровски, никогаш, ама баш никогаш немаше да биде уапсен Боки, никогаш немаше да биде откриена аферата ,,Рекет“.

ЛУПЕВСКА: “Ако не излезеше написот на Геровски, никогаш немаше да биде откриена аферата ,,Рекет”

Лупевска призна дека добила покана Бојан Јовановски, таа и нејзината екипа од емисијата...

Организациите на македонската дијаспора за 8 Септември најавуваат протести пред македонските амбасади во Камбера и Париз.

БОЈКОТ: Maкедонската дијаспора во Австралија се подготвува за бојкот на празнувањето на 8 Септември!

Нема да присуствуваме на традиционалната церемонија на кревање на македонското знаме...