Во јуни од страна на Министерството за здравство со цел почнување со работа на градинките беше воведен скрининг кај вработените во градинките, и тогаш немаше ниту еден позитивен случај. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 септември, 2020 22:31

Две воспитувачки во тетовските градинки заболени од Ковид-19

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска директорката на општинската јавна установа детски градинки „Младост“ Рамије Даути истакна дека две воспитувачки од градинка објект Тетекс во Тетово се заболени од Ковид 19. Таа посочи дека тие се во добра здравствена состојба.

Даути информираше дека децата од нивните групи и колешките не покажале симптоми и моментално се во домашна изолација.

Нема поголеми проблеми. Тоа не е болест која се шири само во градинките. Можат и дома да се разболат. Една група е изолирана, тука имавме две деца и двете деца се дома. Ги имам контактирано и вработените и родителите од децата и сите потврдија дека моментално се добри, изјави Рамије Даути.

Во јуни од страна на Министерството за здравство со цел почнување со работа на градинките беше воведен скрининг кај вработените во градинките, и тогаш немаше ниту еден позитивен случај. 

Во објектите на ОЈУДГ „Младост“ во Тетово според протоколите за работа во услови на пандемија со Ковид-19 овозможено е згрижување на 200, а по започнувањето со работа беа дојдени 98 деца.

Според информациите на Министерството за здравство тетовскиот регион досега брои вкупно 1387 дијагностицирани со Ковид-19 од кои активно болни се 168 луѓе. Вкупно се оздравени 1134 лица, а има и вкупно 85 смртни случаи поради Ковид-19.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Целта на овој Јавен повик е поддршка на иновативни решенија за локалните проблеми со кои се соочуваат општините.

ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРЕН ЈАВНИОТ ПОВИК „ЕУ ЗА ОПШТИНИТЕ – ПОДОБРУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ОПШТИНСКИ УСЛУГИ ПРЕКУ ИНОВАТИВНИ КОНЦЕПТИ”

Градоначалникот Шилегов, кој е и претседател на ЗЕЛС, денеска преку Zoom апликацијата...

Јас ќе кажам и ќе оставам на министерот за здравство да дообјасни, Владата ја слуша комплетно Комисијата за здравствена заштита и министерот Венко Филипче кој што работат, ако тие предложат ние ќе постапиме.

Заев: Го повикувам Мицкоски да не го доведува во опасност јавното здравје

Премиерот Заев одговараше на новинарски прашања по одржаната седница на Советот за...

Со цел да истраеме, ве замолувам да држите дистанца, редовно да носите маска и да одбегнувате дружби и семејни собири. Ве молам, направете го тоа за себе и за своите најблиски.

Пендаровски: Состојбата со пандемијата не се подобрува

Засега нема потреба од иницирање на нова вонредна состојба, бидејќи тоа нема многу...

ако што рече Филипче по завршувањето на состанокот на Советот за безбедност на претседателот Стево Пендаровски, здравствената состојба на Спасовски е стабилна, тој има покачена температура, но нема сериозни проблеми.

Министерот Спасовски е хоспитализиран, потврди Филипче

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е хоспитализиран од вчера, потврди...