Роден е во Сплит, а по потекло е од Вела Лука на островот Корчула. Во Сплит посетува музичко училиште. Најпрво учи клавир, а потоа кларинет и гитара. Прва средба со музиката му била на петгодишна возраст кога од татко му Марко добива поклон усна хармоника со која ги забавувал децата од неговата улица и патниците од бродовите на линијата Сплит - Вела Лука.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 јули, 2020 10:34

ДВЕ ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ОЛИВЕР ДРАГОЈЕВИЌ: Златниот глас на Балканот, вљубеникот во морето и музиката!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска навршуваат две години од смртта на Оливер Драгојевиќ (Сплит, 7 декември 1947 – Сплит, 29 јули 2018) кој важеше за златното грло на Балканот. 

Роден е во Сплит, а по потекло е од Вела Лука на островот Корчула. Во Сплит посетува музичко училиште. Најпрво учи клавир, а потоа кларинет и гитара. Прва средба со музиката му била на петгодишна возраст кога од татко му Марко добива поклон усна хармоника со која ги забавувал децата од неговата улица и патниците од бродовите на линијата Сплит – Вела Лука.

Прв естрадни настап му бил детскиот фестивал во Сплит 1961 година со популарната песничка Балони. Истовремено со братот Аљоша снима тогаш познати светски хитови за радиостаницата Сплит. Веќе во 1963 се здобива со голем успех како пејач и клавијатурист на култниот сплитски бенд Батали. На натпреварот аматери пејачи од Хрватска, освојува прво место пеејќи.

Најпознати негови песни се: Галеб и ја (1975), Скалинада (1976), Малинконија (1977), Опрости ми папе (1978), Молитва за Магдалену (1978), Вјеруј у љубав (1979), Надалина (дует со Борис Дворник од 1980), Кароца (1982), Моје прво пијанство (1983), Свирајте ноћас за моју душу (1988), Што то бјеше љубав (1988), Нека се други радују (1990), Цесарица (1993)…

Оливер се прослави во 1995 година со песната „Галеб и јас“  на Сплитскиот фестивал, а потоа ги полнеше салите ширум светот. Во неговите хитови меѓу кои се „Bez tebe”, “Dobar dan”, “Cesarica” и “Trag u beskraju” уживаа многу луѓе, песни кои и денес се пеат.

По својата смрт тој ги остави сопругата Весна со која беше 44 години во брак. Тие имаат три сина  Дино, Давор и Дамир и пет внуци. Речиси два месеци по неговата смрт се роди неговиот шести внук Марко, кој името го доби по таткото на Оливер. Весна, сопругата на Оливер, во една прилика изјавила дека нејзиниот маж им забранил на синовите на децата да им го дадат неговото име. Таа открила дека оваа година го добила седмото внуче.

Како што во неколку наврати го опиша неговото семејство, Оливер бил голем борец кој до самиот крај верувал дека ќе успее да ја победи болеста. Бил упорен и никогаш не се откажал. Бил послушен пациент полн со верба за ново подобро утре. Оливер често пати ја истакнувал и својата љубов кон морето во своите интервјуа, а беше погребан во родната Вела Лука.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Луксузниот објект се наоѓа на два километри од Колосеумот, а изнајмувањето, кога станува збор за прослави, чини приближно сто илјади евра на ден. Имајќи предвид дека домаќините правеле прослава три дена, само за неа потрошиле 300.000 евра.

РОМСКА СВАДБА ОД 650.000 ЕВРА: Цеца и Лукас заработија во време на корона- еве колкав хонорар зедоа!

Фотографии од ромска венчавка во Рим, каде што пееја некои од најголемите поп-имиња...

На овој ден именден празнуваат: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил, Љуба.

Денеска се празнуваат Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија!

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 септември и се празнува...

Својата држава ја претставувал во многу земји ширум светот, меѓу кои отворање на македонски културен центар во Истамбул-Турција, Софија-Р.Бугарија, претставување на македонската музика во опера хаус Сиднеј-Австралија и многу други настапи.

(ФОТО) Нема да го препознаете – Наум Петрески го промени имиџот и пушти долга коса

Несомнено, Наум Петрески важи за еден од најпознатите македонски фолк пејачи. Настапувал...