Со 62 гласа „за“ и 12 против, пратениците од Собранието ја донесоа одлуката за новата функција на Рамчиловиќ.

Објавил: Весна Петровска | 14 ноември, 2019 11:48

Две куќи, кредит, пушка и пиштол – каков имот пријавил новиот потпретседател на Собранието, Рамчиловиќ

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Пратениците вчера довербата му ја дадоа на Зекир Рамчиловиќ за попретседател на Собранието.

Со 62 гласа „за“ и 12 против, пратениците од Собранието ја донесоа одлуката за новата функција на Рамчиловиќ.

Тој дојде на местото на Весел Мемеди, а беше дел од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Рамчиловиќ на свое име во анкетниот лист кој го доставил до Државната комисија за спречување корупција, пријавил две куќи во Долно Коњари, едната од 168 метри квадратни, стекната со договор за градба, а другата од 123 метри квадратни, стекната со наследство.

На свое име пријавил и земјиште од 1.410 метри квадратни во Долно Кољари, а земјиште во истото место пријавил и на име на родителите.

Според она што стои во анкетниот лист, тој вози Голф 5.

Пријавил и оружје, ловечка пушка и пиштол.

Има и кредит од 480 илјади денари, кој треба да го врати до 2021 година.

Недвижен имот Имот на родители Земјоделско земјиште 300.000,00 денари 30.530 м2 Долно Коњари 1965 1/1 Стекнување со договор за купопродажба
Недвижен имот Личен имот Земјиште 180.000,00 денари 1.410 м2 Долно Коњари 2013 1/1 Стекнување со договор за купопродажба
Недвижен имот Личен имот Куќа 1.830.000,00 денари 168 м2 Долно Коњари 2016 1/1 Стекнување со договор за градба
Недвижен имот Личен имот Куќа 600.000,00 денари 123 м2 Долно Коњари 2012 1/1 Стекнување со наследство
Подвижен имот Личен имот Моторни возила 162.000,00 денари Голф 5 2005/2017 Стекнување со договор за купопродажба
Подвижен имот Личен имот Оружје 15.000,00 Ловна пушка -/2019 Стекнување со договор за купопродажба
Подвижен имот Личен имот Оружје 15.000,00 Пиштол -/2019 Стекнување со договор за купопродажба
Долгови Личен имот Кредит 480.000,00 денари 2015 6 години

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Очекувам фер и демократска кампања, не само во третата изборна единица туку и на ниво на цела Македонија, иако целокупната јавност е сведок на начинот на кој СДСМ и Зоран Заев се обидуваа да влијаат и да вршат поткуп на граѓаните.

Јанушев за Фокус: На 15 јули народот ќе го прати Заев во политичка пензија!

Нашата програма е со преку 1.000 проекти, нема да ветуваме нешто што не можеме да го исполниме...

Ова е официјален документ на Викиликс, кој открива дека Груевски рече дека ќе го стори тоа, но дека народот не би дознал за тоа.

Викиликс објави доказ дека Груевски платил на албански терористи!

Како што е објавено во документите на Викиликс, поранешниот премиер на Македонија,...