Во првиот изборен круг победник е ВМРО-ДПМНЕ која доби 21 градоначалник. СДСМ во првиот круг освои 9 градоначалнички места, ДУИ слави во 3 општини, а Демократската партија на Турците во една општина.

Објавил: Рејхан Бајрами | 18 октомври, 2021 21:04

Две општини ќе гласаат од почеток, информира ДИК

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната пресконференција во 20:00 часот, претседателот на ДИК, Александар Даштевски соопшти дека во две општини ќе се повтори целата изборна постапка.

Во две општини Центар Жупа и Маврово и Ростуша заради неисполнување на законскиот услов од една третина од запишаните гласачи да излегле на гласање ќе се повтори целата изборна постапка чл.132 ст.2 од Изборниот законик, соопшти Даштевски. 

Во првиот изборен круг победник е ВМРО-ДПМНЕ која доби 21 градоначалник. СДСМ во првиот круг освои 9 градоначалнички места, ДУИ слави во 3 општини, а Демократската партија на Турците во една општина.

Вториот изборен круг ќе биде неизвесен во 47 општини, ВМРО-ДПМНЕ влегува со предност од првиот круг во 16 општини, додека СДСМ во 15. На локалните избори во 2017 година СДСМ освои 57 градоначалнички места, ДУИ – 10, ВМРО – 5, Алијанса за Албанците – 3, Беса, ДПА, ДПТ  и три групи избирачи по едно градоначалничко место.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Сулејмани кажал дека прво се слушнал удар во банкината, па потоа експлозија, најверојатно од гумата, по што пожарот започнал брзо да се шири од предниот дел. И покрај тоа што бил повреден, тој им помагал и на неколкумина други патници што побрзо да излезат од опожарениот автобус.

Очевидци за последните минути од несреќата – како се спасија седум патници од автобусот

Во тек е истрагата за несреќата во која загинаа 45 патници, а седум лица се повредени...