Пристигнаа колегите од Психијатрија со цел да се даде и психолошка помош што е многу битно во овој момент, така што целосно сме подготвени да ги преземеме овие пациенти и да продолжи лекувањето, додаде Филипче!

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 ноември, 2021 13:23

Две повредени лица од несреќата во Бугарија пристигнаа во болницата во Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин

Двајца од вкупно седумте пациенти кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ по страшната несреќа на автопатот „Струма“ пристигнаа во болницата во Скопје, јавува репортерот на ТВ21.

Според информациите, тие ќе бидат сместени на Клиниката за пластична хирургија.

Двајца од вкупно седумте пациенти кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов” ги очекуваме да пристигнат од Бугарија. Јас утрово разговарав со директорот на болницата. Тие се испишуваат во стабилна состојба како што впрочем беа целокупниот овој период. Станува збор за 17-годишна девојка и уште еден повозрасен пациент. Тие имаат повреди, треба да бидат сместени на Клиниката за пластичната хирургија, тука се обезбедија места, изјави пред Ургентниот клинички центар министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека пациентите ќе бидат задржани на опсервација и согласно тоа колку време треба да останат ќе бидат хоспитализирани после што ќе направат проценка да се испишат на натамошен домашен третман!

-Пристигнаа колегите од Психијатрија со цел да се даде и психолошка помош што е многу битно во овој момент, така што целосно сме подготвени да ги преземеме овие пациенти и да продолжи лекувањето, додаде Филипче!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Мизрахи: Филипче денеска на прес-конференција побрза да се правда, но несмасно, заглавен до гуша во скандалот Онкологија неговиот прес е безмалку бесрамен

Мизрахи до Филипче: Заглавен сте до гуша со скандалот Онкологија

Венко Филипче како поранешен министер за здравство во владата на СДС, а сега како претседател...