Во 09.00 часот на регионалниот пат Струмица – Валандово, патничко моторно возило „фолксваген пасат“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 69-годишниот В.М. од Гевгелија, изгубило контрола и излетало од патот.

Објавил: Валерија Петрова | 13 ноември, 2019 11:50

Две страшни несреќи во Македонија,има мртви и повредени

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Маж се здобил со тешки повреди откако излетал од патот Струмица – Валандово со патничко моторно возило „фолксваген пасат“.

Во 09.00 часот на регионалниот пат Струмица – Валандово, патничко моторно возило „фолксваген пасат“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 69-годишниот В.М. од Гевгелија, изгубило контрола и излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

Исто така сообраќајна несреќа се случи на патот Македонски Брод – Прилеп, околу еден километар после село Ропотово.

Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, околу еден километар после село Ропотово.

МВР информира дека патничко моторно возило „Опел Астра“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот М.Т. од Прилеп, во 16 часот и 40 минути излетало од патот, и за жал на несреќата починал сопатникот В.Т. (71) од Прилеп, додека возачот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 21 возач кои се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол, девет возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден почетник, како и 17 нерегистрирани возила.

Повредени 12 лица во Скопје

Дванаесет лица се здобиле со полесни телесни повреди во девет од вкупно 17 сообраќајки...

Возач на мопед бил тешко повреден во една од вкупно 21 сообраќајна незгода што се случиле во текот на изминатиот ден.

Тешка сообраќајна несреќа со мотори кај Градежен факултет во Скопје

Тешка сообраќајна несреќа вчера се случи кај Градежниот фкултет во Скопје. Во несреќата...

Според информациите на МВР, возач на патничко моторно возило, сопатник и еден велосипедист биле тешко повредени во две од вкупно 18 сообраќајни несреќи што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообраќајки полесно биле повредени седум лица, а во 11 била причинета материјална штета.

ХАОС ВО СКОПЈЕ: Тешко повредени три лица

Хаос на скопските улици, полицијата со полни раце работа, 18 сообраќајки за само 48 часа. Според...