Дваесет и едногодишен сопатник починал, а уште тројца се повредени во сообраќајната несреќа што се случила синоќа 30 минути по полноќ на магистралниот пат Ново Село-Смоларска крстосница, на излез од село Ново Село, информираат од СВР Струмица.

Објавил: Валерија Петрова | 13 јануари, 2020 16:05

ДВЕ ТРАГЕДИИ ГИ ПОТРЕСОА ГРАЃАНИТЕ: Почина бебе во Драчево и загина маж во страшна несреќа!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Во дневниот билтен на МВР имаше трагедии, инциденти и сообраќајки, полицијата со полни раеце работа.

Во Полициската станица Драчево, вчера во 16.20 часот од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 11.30 часот кај нив Р.И. (27) од село Батинци, скопско, пријавил дека во неговиот дом починало неговото новороденче, старо неколку дена.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото бебе било предадено на обдукција.

Исто така маж почина во тешка сообраќајна несреќа.

Дваесет и едногодишен сопатник починал, а уште тројца се повредени во сообраќајната несреќа што се случила синоќа 30 минути по полноќ на магистралниот пат Ново Село-Смоларска крстосница, на излез од село Ново Село, информираат од СВР Струмица.

Во несреќата учествувале автомобили „форд мондео“,и „мерцедес бенз“ и двата со струмички регистарски ознаки.

– Од здобиените повреди, во незгодата починал сопатникот во возилото „мерцедес бенз“ И.И.(21) од село Ново Коњарево, а со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд мондео“,Д.Д.(24) и сопатникот во истото возило И.С.(19) од село Рич, додека со телесни повреди се здобил В.Ч. (23), возач на „мерцедесот“ по што биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување лекарска помош, се додава во соопштението на струмичката полиција.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на Полициската станица Струмица.

Сообраќајот бил во прекин и бил пренасочен по локалните патишта од 00:45 до 04:00 часот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според извештајот на Одделението за превенција на СВР Скопје, поради непрописно паркирање, со „пајак“ биле подигнати 56 возила

Згасна уште еден живот во Скопје – хаос во главниот град!

Уште една трагедија го потресе Скопје. МВР инфорира за вчерашната состојба на скопските...