Зоран Бојаровски како да не живеел долго време во Македонија, па затоа не знае дека движењето БОЈКОТИРАМ водеше кампања да не се излегува на гласање

Објавил: Данаил Михајловски | 1 октомври, 2018 15:13

Движење БОЈКОТИРАМ: Водевме кампања за народот да не излезе на гласање, со цел да не биде исполнет цензусот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шефот за комуникации и поранешен новина и голем подржувач на СДСМ кога беше во опозиција, Зоран Бојаровски како и власта изгледа живеат во нивната замислена Северна Македонија, велат од движењето БОЈКОТИРАМ.

Според логиката на Бојаровски кој е висок функционер во Владата иако референдумот не беше успешен, се броеле само гласовите на оние кои што излегле на гласање, вели тој во неговиот Фејсбук статус.

“Кој сум јас да ви кажам“ вели 1.200.000 гласале против.
!?!?!
Е, како бе?
На референдумот, како политичка „битка“ излегле 661.393 граѓани.
За опцијата „ЗА“ гласале 605.016, а против 37.312
Само тоа се брои.
1.200.000 не избрале ништо, ниту гласале. Оставиле други да одлучуваат за нив.
И одлучија: Европска Македонија доби повеќе гласови ЗА од кој било победник на кои било парламентарни избори во историјата на независна Македонија.
После вика: Референдумот е неуспешен, ама не бара предвремени избори.
Ако е Заев за политичка пензија, тогаш зошто да не прифати избори, м?

Од движењето бојкотирам велат дека очигледно господинот Зоран Бојаровски или не бил наназад долго време во Македонија или сите заедно со власта живеат во никој нивни свет.

Да ги потсетиме господата кои се залагаа за промена на името на Македонија дека референдумот не беше успешен. Ако тие водеа кампања „3А“ промена на името, ние движењето БОЈКОТИРАМ водевме кампања за не излегување на гласање со цел референдумот да не биде УСПЕШЕН. И покрај силната и агресивна кампања на власта „ЗА“ со многу фрлени народни пари и целата булдожер дипломатија, народот свесно и без никаков притисок од страна на нашето движење си остана дома и не придонесоа во исполнување на цензусот. Сите други математики на власта паѓаат во вода. Или се тешка манипулација или немаат две чисти во нивните глави, се вели во дописот од БОЈКОТИРАМ до нашата редакција, а како реакција на Фејзбук статусот на Бојаровски.

#Бојкотирам

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Па така од вечерва на полноќ, еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 76.50 денари, еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 78.50 денари, додека еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 68.50 денари.

Поскапеа горивата од полноќ

Цената на горивата се зголемија за еден денар, објави Регулаторната комисија за енергетика. Па...