Заменик министерот за екологија ќе остане запаметен како политичар кој заспал на дебатата која се водеше за проблем од неговата надлежност

Објавил: Данаил Михајловски | 4 декември, 2018 15:07

Дволичниот Макрадули и загадениот воздух

Фото/Текст извор: ©магазин

Пред точно 5 години, во Собранието на Република Македонија, на говорницата се појави Јани Макрадули, и со драматичен апел побара итна седница и расправа за загаденоста на воздухот во Скопје. Ова се неговите зборови: “нема понеодложна и поитна дебата од дебатата за здравјето..

..,во Скопје има висока концентрација на ПМ10 честички, тие се канцерогени и удираат најмногу по здравјето на децата. Предизвикуваат за жал и белодробни и канцерогени болести кај хронично болните лица. Виновници за ваквата состојба се погрешните политики на владата и градоначалникот на Скопје“. Тоа го кажа опозиционерот Јани Макрадули во 2013-та година.

Надвор буквално не се дише и е опасно за здравјето на луѓето.
Според карактеристиките , воздухот има над-нормално загадување од овој тип и се препорачува да се избегнуваат подолги периоди на отворена површина. На мали деца, стари лица и бремени жени им се препорачува да не излегуваат без посебна потреба.

Денес е 2018-та година. Коце веќе не е градоначалник, а локалната и централната власт се цврсто во рацете на СДСМ. Јани веќе не е опозиционер, туку заменик министер за животна средина, институција која по описот на обврските е задолжена да нуди и спроведува решенија за намалување на загаденоста. Сега истиот тој Макрадули вика “имаме статистика, и во просек забележуваме помали вредности на загаденост со 2016-та година.., не треба да се кажува дека сите ПМ честици се канцерогени, со тоа непотребно се крева паника кај граѓаните…, и дека треба на пример да се знае дека и поленот е ПМ честичка“. Полен во декември?! Ова навистина почнива да личи на Монти Пајтон или на скриена камера. Ваква несериозна изјава од надлежен за животната средина во државава одамна не се памети. Изјавите на Макрадули од 2013-та и неговите изјави денес се толку спротивни, а сепак се на истата тема, што може да се заклучи дека се работи за дволичен политичар кој критикувал само за да добие одредени поени, но не бил способен да понуди и реални решенија.

Скопје, за жал, е во топ-7 најзагадени градови во светот, а после Приштина, е на второ место по загаденост на воздухот во Европа. Прилично неславен пласман на главниот град на Република Македонија.

Истовремено, неколку мерни станици на критични места во земјата, како онаа во Битола, во Лисиче и во Гази Баба, неколку месеци немаат функционални инструменти за мерење на ПМ10 и ПМ2,5 честичките, кои се најштетни по здравјето на луѓето. Извори од министерството за животна средина дојавуваат дека токму заменик министерот Макрадули ја кочи поправката на овие мерни станици, се со цел до кампањата за следните претседателски избори, граѓаните да не бидат целосно информирани за степенот на загаденоста на воздухот. Истите извори објаснуваат дека дури и да се расипани одредени мерни единици на овие мерни станици, истите се поправаат за три дена, но само доколку се сака тоа да се направи. Но, по се изгледа дека власта сака немањето на капацитет да ги исполни предизборните ветувања, да ги затскрие со прикривање на информациите за реалната загаденост на воздухот во Скопје, Битола, Тетово, Куманово и во другите градови.

Во меѓувреме, граѓаните сами се организираат и набавуваат рачни мерачи за загаденоста на воздухот. Групата “Скопје смог аларм“, која е прилично активна на социјалните мрежи, вчера изврши такво мерење во Лисиче (Аеродром), при што загаденоста на воздухот во 20 часот покажа присуство на канцерогените ПМ10 честички со концентрација од 550 микрограми на кубен метар, што е за 11 пати повеќе од дозволеното. Слична е состојбата и со Струмица, Тетово, Битола, Кавадарци и Куманово, каде во вечерните часови загаденоста на воздухот со ПМ10 честици е за 6-7 пати повисока од дозволеното. Најзагаден вчера вечер бил воздухот во Миладиновци со измерени 588 микрограми синоќа во 20 часот. И тоа не е се од Јани Макрадули. Најновата вест е дека заминал на дводневна конференција во Белград, каде владата на Србија заедно со ОН, организира дискусија за мерки за почист воздух. Што да се каже, освен онаа народната, село гори, баба се чешла.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Претседателот Иванов јасно го повтори својот став, НАТО и ЕУ интеграциите никогаш не биле доведени во прашање, штетниот Преспански договор е она што е камен кочничар

Иванов му одржа “лекција” и на заменик државиот секретар на САД

Претседателот Ѓорге Иванов, синоќа го прими Џон Саливан, заменик државен секретар...

Пропадна најавата дека државата конечно ќе добие квалитетно тело за борба против корупцијата, ни по 9 месеци СДСМ и ДУИ не се подготвени за транспаремтно работење

Обидот за формирање антикорупциска ги скара ДУИ и СДСМ

Кога државата не може цела година да формира состав на Комисијата за борба со корупцијата...

Зијадин Села, Сурија Рашиди и Горан Милевски се единствените пратеници кои не го поддржаа Законот за амнестија како резултат на комисијата за национално помирување

Три пратеници против законот за амнестија

Експресното гласање на Законот за амнестија во Законодавниот дом покажа дека полека...

Во акцијата на МВР останува отворено прашањето како во рок од два месеци во Македонија без санкции била внесена марихуаната од Албанија, а била наменета за Турција

Половина тон марихуана шверцувани во камионска приколка

Во координирана полициска акција на Граничниот премиер Богородица, запленети над...