
Македонија
Вести
Според неофицијални извори, семејството имало и претходно историја на меѓусебни конфликти и пријави за семејно насилство.
Двојно убиство во Кратово, триесет и шест годишна кратовчанка синоќа со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг триесет и осумгодишниот Ј.И. и неговиот татко шеесет и три годишниот С.И. двајцата од Кратово кои што по од здобиените повреди, починале на лице место. В.И. се сомничи дека во семејната куќа по расправија со сопругот и свекорот им нанела смртни повреди. Полициски службеници од ОВР Кратово вчеравечер околу 22:08 часот, осомничената ја лишиле од слобода и таа се наоѓа во полициска станица.
По увидот на лице место и по насоки на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција. Како што најавија од МВР по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Според неофицијални извори на Канал 5, семејството имало и претходно историја на меѓусебни конфликти и пријави за семејно насилство..
Уште во 2019 година против сопругот во основното јавно обвинителство Куманово била поднесена кривична пријава за кривично дело загрозување на сигурност при семејно насилство, но каква разарешица имал случајот не е познато.. Една година подоцна, пак, сопругот пријавил поплака против сопругата.
Проблемите во семејството не запреле тука.. Последно, во 2024 година во кратовската полиција била пријавена поплака од страна на сега приведената жена за двојното убиство, против нејзината свекрва, а лани имала поднесено поплака и против нејзината золва.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.