Од СВР Тетово сеуште без конкретни информации кој е виновен за сообраќајната несреќа

Објавил: Мартин Попоски | 15 август, 2018 13:55

Девет годишно момче повредено во сообраќајка во тетовско задржано во болница

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Девете годишно дете е повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера на локалниот пат село Групчин кон село Ларце а во која учествувале патничко возило “Форд Фокус” со тетовски регистарски ознаки управувано од А.А. [ 64 ] од село Ларце и патничко возило “Мерцедес” со германски регистарски ознаки управувано од Џ.Џ. [ 28 ] од село Желино.

Во незгодата со повреди се здобило девет годишно дете од село Ларце сопатникот од возилото “Форд Фокус”.

Со друго возило момчето било пренесено во Клиничка болница Тетово и по укажаната лекарска помош било задржано на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.