Обвинителството денеска соопшти дека по дополнителната истрага постои основано сомнение дека го извршила кривичното дело „убиство“.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 јуни, 2019 21:33

Девојката на убиениот Пино вечерва е одведена во притвор!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Дваесет и двегодишната А. Ѓ. од Скопје, која е второ осомничена за убиството на 26-годишниот Пинета Секондо, вечерва е одведена во 30-дневен притвор одреден од Основниот кривичен суд Скопје. Судот вечерва го прифати барањето од Јавното обвинителство за Ангела да биде притворена поради опасност да избега.

По детална истрага на Министерството за Внатрешни работи и по наредба од Обвинителството, А.Ѓ. е осомничена дека го повикала убиениот Секондо, и исто така била присутна кога тој бил лишен од живот.  Осомничената Ангела учествувала во пренесување на телото и негово криење во близина на село Љуботен, заедно со исто така осомничениот, 27-годишниот Ф.А. кој е во бегство.

Ангела Ѓорѓиевска според првичните информации од обвинителството е замешана во мамката во која влегол Пино.
Ангела е ќерка на возач, дете на разделени родители и проблематична девојка заглавена во многу незгодни друштва и пороци. На нејзиниот профил до скоро имаше поставено и главна слика на која има девојка и момче со пиштол и крв. Девојката била на полиграф но го поминала.

Осомничената дала придонес кон вршење на кривичното дело со тоа што го повикала сега починатото лице, била присутна во моментот на неговото лишување од живот и учествувала во пренесување на телото на починатиот и негово криење во близина на с. Љуботен. Надлежниот јавен обвинител ценеше дека постојат околности што укажуваат на постоење опасност од бегство и на основан страв дека осомничената ќе ја попречува кривичната постапка со влијание на сведоци, поради што до Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување на мерката притвор против осомничената, се вели во соопштението на ОЈО.

Јавното обвинителство денеска соопшти дека по дополнителната истрага постои сомнение дека го извршила кривичното дело „убиство“.

Ноќта на 11 декември 2018 година таа го повикала Пинета Секондо да се најдат кај насипот во Ѓорче Петров, иако знаела дека ќе им се придружи и првоосомничениот кој имал намера да го убие Пинета.

Кога пристигнал Ф.А и со пушка се заканил кон жртвата, сите тројца се упатиле со патничкото моторно возило во скопското село Арачиново. Откако пристигнале на местото на несреќата, осомничените започнале жестока расправија со жртвата, по што Ф.А го застрелал Секондо.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од МВР и официјално ја потврдија информацијата. Оттаму велат дека денеска околу 14 часот во водите на Преспанското Езеро нуркачкиот тим од Единицата за специјални задачи при Бирото за јавна безбедност на МВР го пронајдоа безживотното тело на шеснаесет годишното момче од Ресен. По насоки на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.

Пронајдено телото на удавеното 16 годишно момче во Претор

По два дена трагање по телото на момчето кое трагично загина на 2-ри август во Претор,...

Станува збор за 23-годишната студентка Артина Ќазими од гостиварски Добри Дол кандидатка на Алијанса за Албанците и Алтернатива на листа во изборна единица 6.

Студентката Артина Ќазими е најмладата пратеничка во македонското собрание!

На денешната конститутивна седница, со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан, ниту...

За претседател на Комисијата на предлог на Џафери беше избрана пратеничката Јагода Шахпаска, а за членови пратениците Изет Меџити, Благица Ласоска, Соња Мираковска и Сафие Садики Шакини.

Верифицирани мандатите на новите пратеници- Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

На денешната конститутивна седница во Собранието, присуствуваа 117 од вкупно 120пратеници,...

Како последица на тоа, тој предупреди дека светот се соочува со „генерациска катастрофа што може да доведе до губење на незамислив човечки потенцијал, да поткопа децениски напредок и да ги влоши вкоренетите нееднаквости”.

Гутереш: Пандемијата доведе до најголемо нарушување на образованието во историјата

Денеска Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации рече дека оваа...