Македонија
Вести
На 30-ти септември да бојкотираме. Да си останеме дома, да ја пуштиме Васка Илиева и да ги пееме нашите македонски песни.
Само така ќе може да го зачуваме своето достоинство и на 1-ви октомври да излеземе со гордо кренати глави, порача владиката Агатангел набожествена света литургија што се одржа во црквата Св.Кирил и Методиј во Велес.
На самиот почеток на обракањето на присутните им кажа дека ова е можеби еден од последните пати кога верниците се собираат под името Македонска првославна црква.
Во своето обракање митрополитот Повардарски истакна дека ние не сме против ЕУ и НАТО, но да се бара промена на име е најголемата жртва што може да ја даде еден народ.
Голготата на македонскиот народ почна со Тиранскиот договор, а изминатиот месец дозволивме многу мисионери да ни го трујат умот. – рече владиката Агатангел.
По 30 септември македонскиот народ ке добие камшици по своите грбови. Ќе немаме македонска армија, македонска академија на науки, а внуците ќе се срамат од своите дедовци бидејки од Македонци, дозволиле да се прекрстиме во северномакедонци.
И верниците кои денес беа на литургија се согласуваат дека промената на името е најголемата жртва што Европа ја бара од нас.
Во своето обракање митрополитотот Повардарски рече дека на многу верници им било забрането да дојдат на литургијата, а им се заканувале и со бркање од работа.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.