
Македонија
Време
Од Министерство за транспорт информираа дека дежурните екипи на ЈП Македонијапат и во текот на ноќта во континуитет беа на терен и вршеа расчистување на сите државни патишта со цел да ги оддржат проодни за сообраќај.

„Сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Службите на ЈП Македонијапат со целокупната механизација и работна сила продолжуваат со расчистување за нормално одвивање на сообраќајот на државните патишта.

Апелираме до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби.

Според информациите од УХРМ, врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава, затоа апелираме да се следи временската состојба и граѓаните кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта.
Портокалов аларм: Следната недела температурите ќе паднат и до минус 10
Исто така апелираме до професионаланите возачи на тешки товарни возила да се информираат за условите на патиштата и препораките за сообраќај“ соопшти Министерство за транспорт.
ЈП Македонија пат во континуитет ја следи состојбата на државните патишта и соодветно реагираат со целокупната механизација на терен, потенцираат од Министерство за транспорт.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.