
Живот
Настани
Делегација на СДСМ се поклони пред споменикот на Гоце Делчев во Скопје по повод 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба!
По повод 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба, делегацијата на СДСМ во состав Александар Саша Димитријевиќ, потпретседател на СДММ и Мелиса Ценовска Серафимовска, членка на Извршниот одбор на СДСМ, денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.
Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Почитувани сограѓани,
Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
Датумот на основањето на македонската револуционерна организација е пресвртната точка од која започна долгиот и макотрпен пат за создавање на независна македонска држава. Благодарение на визијата на тогашните напредни интелектуалци за слобода и за правда, се осмисли почетокот за револуционерна борба и се обединија прогресивните сили во стремежот за остварување на националните и социјални идеали.
Во македонската револуционерна организација имаше различни пристапи, концепти, идеолошки сфаќања, но секогаш само една и единствена заедничка идеја ‒ Македонија слободна и независна!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.