Тие според СЈО, нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

Објавил: Валерија Петрова | 18 септември, 2019 19:22

Делото застарува – Груевски нема да одговара за „Траекторија“

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Адвокатот Јанаки Митровски во емисијата 10 минути изјави дека делото за кое поранешниот премиер Никола Груевски треба да одговара застарува.

– До 10-ти октомври настапува апсолутна застареностпо што веќе прогонот нема да продолжи. На сите им е јасно, не мора да бидете правник дека не е ниту теоретски возможно да се тој предмет заврши во таа временска рамка затоа што ниту на прв степен нема објава на пресуда ниту пресуда, а не пак да зборуваме за правосилност на истата“, изјави адвокатот Јанаки Митровски во емисијата 10 минути на ТВ21.

Во случајот „Траекторија“ обвинети се Никола Груевски, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски поради тоа што во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

Тие според СЈО, нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Сите овие монтирани случаи и местенки, вклучително и за ова што сега очајно се повторува, издишаа како балон, затоа што за измислици не може ниту да има докази – ни изјави Заев.

Вице Заев за Фокус: Ова се измислици- Ме потсетува на времето од РЕЖИМОТ, времето на јавен отстрел на семејства и монтирани случаи во судството

Струмичкиот бизнисмен Вице Заев, брат на лидерот на СДСМ и експремиер Зоран Заев, реагира...

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека Комисијата за заразни болести, по повод новите препораки на Светската здравствена организација за ширењето на корона вирус, кој веќе има епицентар во Вухан заклучи дека нема простор за паника.

Од утре превентивни мерки во Македонија од корона вирусот

Од утре ќе се превземат превентивни мерки за коронавирусот и ќе се скенираат со термална...

Рускоска тврди дека тогаш на распит биле повикани Зоран Заев и неговиот брат, Вице, но поради немање докази случајот во 2018 е затворен.

Случајот беше затворен поради немање докази- се огласи Рускоска по новата бомба од „ЛА ВЕРИТА“

По објавената снимка во италијанскиот весник Ла Верита, насловен “Купопродажба на...

Постоечката документација во Обвинителството за борба против организиран криминал во Скопје поседува извадоци од снимени разговори од кои може да се заклучи дека експремиерот Зоран Заев заедно со неговиот брат Вице Заев, зборувајќи отворено на телефон, управуваат со развиена мрежа за купување гласови базирана на пари и уцени, со цел добивање гласови, посебно од Ромите кои живеат во Струмица.

„Ла верита“: Зоран Заев плаќал по 10 евра за гласови

Откако вчера објави скандал насловен “Купопродажба на гласови во Македонија” денеска...