Градоначалникот на Демир Капија, Петров, за една година договорил четири инвестиции, од кои три компании за одгледување и преработка на марихуана за медицински потреби

Објавил: Мартин Попоски | 8 ноември, 2018 12:38

Демир Капија ќе се развива, со три фабрики за марихуана

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Општина Демир Капија ќе добие три фабрики за одгледување и преработка на марихуана за медицински потреби, но и Авантуристички парк.

Градоначалникот Лазар Петров информира дека изминатата година, откако стапил на функцијата, посветил големо внимание на привлекувањето на нови инвестиции во општината.

Во текот на измината година големо внимание посветивме и на привлекување на нови инвестиции. Во таа насока четири големи компании одлучија да инвестираат во нашата општина и истите во 2019 година ќе почнат со работа. Од нив три ќе бидат за одгледување и преработка на марихуана за медицински потреби и една фабрика за природно ѓубриво. Се очекува со реализацијата на овие инвестиции да се отворат минимум 200 нови работни места во нашата општина. – соопшти Петров.

Исто така, тој информираше дека со цел да се промовира општината како туристичка дестинација, планирана е изградба на Авантуристички парк.

 Аплицирано е и се очекува одобрување на проект за изградба на Авантуристички парк Демир Капија, кој ќе придонесе за промовирање на општина Демир Капија како туристичка дестинација во регионот. – потврди градоначалникот.

Во извештајот по повод една година стапување на функцијата, тој им се заблагодари на граѓаните за довербата, и порача како бил свесен дека ќе се соочи со финансиски проблеми и долгови на општината, но не очекувал дека висината на тој долг може да биде толку голема за една мала општина како што е Демир Капија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Новинарите најмногу ги привлече изгледот на екс премиерот, односно тој се појави со безбол капче и очила за сонце, кои не ги тргнал ниту еднаш додека седел во судница.

ГРУЕВСКИ СО ЛИСИЦИ НА РАЦЕ ПРИВЕДЕН ВО СУД: Со очила и капче во судница во Будимпешта!

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски денеска е на судско рочиште...

За Заев, оставката и начинот на кој ја соопштил заменик министерот за образование Петар Атанасов е доказ дека има слобода во државата и е потег кој не можел да се замисли во времето на владеењето на ВМРО ДПМНЕ.

ЗАЕВ: Груевски беше премиер и министер, уредник во медиуми, градоначалник на Скопје и претседател на Кривичниот суд

На вечерашната седница пратениците ги разрешија министрите за финансии Драган Тевдовски,...

Фотографијата е објавена со наслов „Не може да оди ама на црвено на пешачки лета. После младите биле без култура“ и истата предизвика бурни реакции кај членовите на групата „Ѕид на сообраќен срам“.

Во меѓувреме во Скопје… – граѓаните гневни поради оваа фотографија

Македонците збеснаа поради фотографијата осамна на социјалните мрежи, под неа лавина...