Гордана Силјановска-Давкова и Влатко Ѓорчев фаворити во трката за претседате

Објавил: Узунов Бобан | 16 февруари, 2019 8:15

Денеска ВМРО бира претседателски кандидат во Струга, еве кои се кандидатите

Фото/Текст извор: ©магазин

На конвенцијата која ќе се одржи во Домот на култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ВМРО-ДПМНЕ ќе го избере кандидатот со кој че настапи на претседателските избори. Конвенцијата, но и претстојната кампања за претседателските избори ќе биде под слоганот „За честита Македонија“, велат од партијата.

Овој слоган значи дека кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде честит човек, спротивност на погубните политики кои ги води власта, како што се промената на Уставот, корупцијата, криминалот и немањето никакви резултатите на економски план, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На конвенцијата право на глас за избор на претседателскиот кандидат ќе имаат 551 делегат. За да се избере кандидатот на партијата во првиот круг тој треба да освои 1/3 од гласовите на делегатите, односно за него да гласаат најмалку 184 партиски членови. Ако ниту еден од деветте кандидати во првиот круг го нема потребниот број гласови, тогаш истата вечер ќе се одржи втор круг гласање, во кое ќе учествуваат двајцата кандидати со најмногу гласови. 

Професорката Гордана Силјановска ја доби поддршката од претседателот на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ со што се доби впечаток дека таа е фаворит на раководството.

Осум мажи и една жена ќе ја освојуваат довербата на делегатите на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Никита Шекутковски, доктор на математички науки и редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје, член на Институтот за математика.

Ѓорѓи Манасков, машински инженер и претседател на Стопанската комора за енергетика на Македонија.

Васко Костов, фармацевтски техничар.

Влатко Ѓорчев, правник, пратеник во Собранието на Република Македонија и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Гордана Силјановска-Давчева, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, член на Институтот за правни и политички науки, катедра за уставно право и политички систем.

Илија Димовски, професор во пензија на Шумарски факултет при УКИМ во Скопје.

Филип Петровски, доктор на политички науки и поранешен директор на Државниот архив на Република Македонија.

Горан Ангелов, правник, поранешен градоначалник на општина Виница во два мандати и претседател на ЗЕЛС во еден мандат.

Сашо Кутлешовски, доктор по земјоделски науки.

На почетокот на конвенцијата пред делегатите и претседателските кандидати ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а потоа ќе се претстават сите девет кандидати.

Претседателските избори ќе се одржат на 21 април, а вториот круг на 5 мај.

Конвенцијата, но и претстојната кампања за претседателските избори ќе биде под слоганот „За честита Македонија“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во 2017 Заев: Ова е политичка манипулација од страна на нашиот политички опонент којшто сака да го дефокусира вниманието . 2019 Македонија има план – на бегалците им нуди домување, образование, вработување.

Зоран Заев со нов план за живот, мигрантите се на пат, се чека само погоден момент?

Националната телевизија Алфа со прашање до владата: Дали последните препораки од американската...