Информацијата на МИА од Атина ја потврдуваат и од Скопје, а како што и најавија пред две седмици и министерот Венко Филипче и портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, од јужниот сосед ќе стигнат 20.000 дози од Астра Зенека.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 јуни, 2021 6:53

ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ ПРИСТИГНУВААТ ВАКЦИНИ ОД ГРЦИЈА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вакцините кои Грција ги најави за Македонија, денеска наутро се очекува да пристигнат во Скопје.

Информацијата на МИА од Атина ја потврдуваат и од Скопје, а како што и најавија пред две седмици и министерот Венко Филипче и портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, од јужниот сосед ќе стигнат 20.000 дози од Астра Зенека.

Одлична вест од соседна Грција. Во текот на утрешниот ден се очекува да пристигнат 20.000 вакцини на Astra Zeneca. Оваа донација е многу значајна за нас и би сакал да изразам голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Н.Е. Русос Кундурос.

Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек. Апелирам што поголем број граѓани да се пријават на vakcinacija.mk, напиша Филипче!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Со оваа го подобруваме животот на овие пацинети, но и им овозможуваме лекување дома, бидејќи досега за ваков вид на хируршка интервенција одеа во странство. Пациентката кај која денеска беше изведена првата операција се разбуди и добро се чувствува.

На клиниката за неврохирургија успешно вграден стимулатор на нервот вагус

Министерството за здравство информира дека денеска на Клиниката за неврохирургија,...

Спуштањето на рамката на години за лицата кои се вакцинираат, ќе ја намали веројатноста да и младите го шират вирусот. Со вакцинација се овозможува заштита од преносливост на новите соеви и заштита од тешка форма на болеста или смртен исход.

ОД ПОНЕДЕЛНИК ВАКЦИНАЦИЈАТА ЌЕ СЕ ОДВИВА БЕЗ ЗАКАЖУВАЊЕ – ЗДРАВСТВЕНИТЕ ДОМОВИ НА ТЕРЕН

Почнувајќи од понеделник (12 јули), вакцинацијата во државата ќе се одвива без закажување...

„Во моментов во болницата во Гевгелија хопситализирани се само две бебиња, поради возраста, а околу 20 деца се на терапија, но истите не се задржани во болница.

Респираторна инфекција кај 50 деца и бебиња од Гевгелија, лекарски тим од Скопје дополнително ќе ја испитува состојбата

Во моментов во болницата во Гевгелија хоспитализирани се само две бебиња, поради возраста,...

Пациентот е во добра општа состојба, нема температура, на почеток имал само кашлица, и не покажал други симптоми на вирусот. Поради контакт со него, изолација и е одредена на неговата сопруга.

Велешанецот со индиски сој на Ковид-19 имал контакт само со сопругата

Велешанецот на возраст од 43 години, позитивен на Ковид-19, а кај кого е докажан делта...