
Македонија
Вести
Наместо онлајн средба, премиерот Зоран Заев реши да замине во Софија на средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов како последен обид да се постигне договор за македонските евроинтеграции, потврди Заев за Сител!
„Утре ќе се видиме со Борисов и неговиот тим. Јас ќе бидам во Софија со неколку наши министри“, пиша премиерот.
Средбата во Софија доаѓа откако министрите за надворшени работи Захариева и Османи и денеска не успеаја да се усогласат за билатералните прашања на онлајн регионалната инцијатива Берлински процес. И Захариева и Османи од разговорите излегоа како умерени оптимисти.
Состанокот Заев – Борисов доаѓа и на ден по објавата на нонпејперот кој била договорен на берлинските средби Захариева-Димитров-Османи, од кој подоцна се откажал Борисов.
Премиерот Заев не сакаше да го коментира овој документ.
Не ги коментираме ваквите детали затоа што се уште се разговара и не би сакале да ги нарушиме разговорите“, одговори Заев за Сител.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.