Во народот, овој празник подразбира и живописни обичаи, особено такви што му се посветени на раѓањето. Некои семејства поминуваат повеќе денови во празнично расположение и во свечено руво, иако не слават и не одат на слава, особено во краиштата каде што се одржуваат панаѓури за Мала Богородица.

Објавил: Перо Милчин | 21 септември, 2021 6:09

Денеска е голем празник: Рождество на Пресвета Богородица – Ова е обичаите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонската православна црква на 21 септември го обележува раѓањето на пресвета Богородица, празник што се вика и Мала Богородица. Овој ден се вбројува во 36-те големи празници во црковниот календар обележан со црвени букви.

Марија била родена во Назарет во семејството на татко ѝ Јоаким, кој бил од племето на Давид, и мајка ѝ Ана, од родот Аронов. Па така, по татко нејзиното потекло царско, а по мајка архијерејско.

Уште на три години, Марија била одведена во ерусалимскиот храм, а од седмата година живеела во богослужба, со молитва, мануелна работа и читање на Светото писмо.

На 15 години примила вест од архангелот Гаврил дека ќе го роди синот божји, а на 40-от ден по раѓањето на Христос, го однела во храм. Триесетте години што ги опишуваат евангелијата, Марија ги поминала во Назарет, а Исус го следела на патот до распетието.

По неговото вознесување, живеела уште 24 години, ги лекувала болните, им помагала на сиромашните и вдовиците. Според преданието, кога била положена во гробот, станала невидлива.

Ако биде ведро на Мала Богородица

Се верува дека кога времето е ведро на празникот, сонцето ќе ни се смешка и во текот на есента, но и зимата.

Уште на три години, Марија била одведена во ерусалимскиот храм, а од седмата година живеела во богослужба, со молитва, мануелна работа и читање на Светото писмо.
Обичаи и верувања на Мала Богородица

Во народот, овој празник подразбира и живописни обичаи, особено такви што му се посветени на раѓањето. Некои семејства поминуваат повеќе денови во празнично расположение и во свечено руво, иако не слават и не одат на слава, особено во краиштата каде што се одржуваат панаѓури за Мала Богородица.

Жените на овој ден не би требало да средуваат по дома, да перат алишта и да извршуваат други слични домашни работи. Постои верување дека на Мала Богородица не треба да се извршуваат никакви обврски што подразбираат работа со раце. На Мала Богородица, наводно не е добро ни да се започнуваат нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Многу од нив за да Ѝ оддадат почит на нашата Владичица и Небесна Царица пешачат и цели километри пред да се поклонат на нејзината чудотворна икона што се наоѓа во овој храм.

Илјадници поклоници пред чудотворната икона на Богородица на Крит

Секоја година на празникот на Рождеството на Пресветата Богомајка, илјадници православни...

Свештенството од храмот Рождество на Пресвета Богородица, ги повикаа сите верници учесници на овој торжествен молитвен собор, да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот Kовид-19.

Вечерна молитва и литија во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица

Во пресрет на денешниот празник Рождество на Пресвета Богородица, вчера вечер во храмот...

Иако овој празник, кој се празнува утре на 21 септември, се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна.

УТРЕ Е МАЛА БОГОРОДИЦА: Празник на мајката на сите мајки и заштитничка на жените

Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна...