
Живот
Настани
Православните верници денеска ќе го одбележат еден од четирите најголеми празници посветени на мртвите – Митровденска Задушница.
Овој празник секогаш паѓа во пресрет на Светиот великомаченик Димитриј, затоа и се нарекува Митровдеска Задушница.
Свеќи се носат на гробовите, а свештениците вршат индивидуални панихиди и читаат молитви за починатиот. Ако не е можно да се оди на гробот на починатиот, им се служи панихида во црквата.
Според учењето на Црквата, на Евхаристијата, верниците се молат во храмовите и гробиштата за упокојување на душите на мртвите, а прават и милостина.
Во црквата на Евхаристијата се споменуваат и зборовите на Свети Јован Златоуст, еден од најголемите теолози во четвртиот век на христијанско проповедање:

Задушница никогаш не е за време на пост, ниту се паѓат на пост, бидејќи тие се секогаш во сабота. Се печи леб со бело брашно, кои се нарекуваат „просфори“. Се подготвува ракија, пиво, вино, вода, а на некои места се вари и жито.
Се носат онолку свеќи колку што се споменуваат мртви. Во сите делови на земјава, свештениците по барање на блиските на покојникот го окадува гробот. Ако случајно е спречен свештеникот да дојде, тогаш некој присутен со тамјан го окадува гробот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.