Пресудата ќе биде донесена денес во 14 часот и 30 минути а забрането е било какво снимање и пренесување во медиумите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 март, 2019 10:39

Денеска е пресудата на Караџиќ- ќе биде ослободен или казнет со доживотен затвор?

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ  денеска ќе ја дочека пресудата во Хаг, по три години од жалбената постапка.

Пресудата ќе биде донесена денес во 14 часот и 30 минути а забрането е било какво снимање и пренесување во медиумите во живо.

Пресуда за поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ ќе биде донесена денеска во Хаг.

Караџиќ во март 2016 година беше осуден на 40 години затвор поради геноцид во Сребреница и злосторство против човештвото во Босна и Херцеговина 1992-1995. година. Неговиот брат Лука Караџиќ кој пред две години присуствуваше во Хаг за време на пресудата, овој пат поради здравствени проблеми не отпатува во Хаг, но пресудата ќе ја следи од домот во Белград.

– Се слушнав со Радован пред два дена. Тој е добро, верува дека правдата ќе дојде.

Тој најдобро го познава својот предмет,знае дека имаше многу лажнин сведочења против него и поради тоа е оптимист. На сите нас ни даде надеж дека овој процес добро ќе заврши, така што ситесе надеваме и веруваме во правдата изјавил Лука за Вечерни новости.

Караџиќ е ослободен само од  една точка – за геноцид во седум општини во Босна и Херцеговина во 1992 година, но е осуден по 10 точки меѓу кој е и геноцидот во Сребреница.

Невенка Тромп, поранешниот хашки истражувач за “Аваз” изјави дека постојат три можни сценарија за денешната пресуда на Караџиќ. Таа вели дека постои можност да се потврди првостепената казна или да се намали односно Караџиќ да биде ослободен, но постои можност и да биде осуден на доживотен затвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

На прашањето дали е чест за Грција, номинацијата на Ципрас за Нобеловата наградата за мир, Мицотакис одговара негативно

Мицотакис: Ќе се бориме да ја поддржиме вистинската, автентичната Македонија

Ќе се бориме да го поддржиме името или брендот Македонија, вистинската Македонија...

Дали Заев, Ахмети и министерката Десковска се сомневаат во победата на нивниот консензуален кандидат

И Заев е за избор на претседател во Собранието – ја губи ли довербата во Пендаровски?!

Aко претседателските избори пропаднат, ќе бидат иницирани уставни измени со цел претседателот...