Се верувало дека тој ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи (болести, инсекти, градоносни облаци и сл.), поради што луѓето го славеле и во негова чест изведувале многу интересни обичаи.

Објавил: Перо Милчин | 14 февруари, 2021 11:25

ДЕНЕСКА Е СВЕТИ ТРИФУН, ЗАШТИТНИК НА ГРАДИНАРИТЕ И НА ЛОЗАРИТЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска е Свети маченик Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите. Момчето што на 17-годишна возраст со Божја помош ја излекува царската ќерка Гордана којашто не можеше да ја излекува ниту еден лекар во империјата се стекна со голема слава и настрада на 21-годишна возраст, но остана во споменот на целиот христијански православен свет како поим за младост и доследност на христијанските традиции. Подоцна за свој покровител го зеле градинарите, лозарите и меанџиите.

(Именден празнуваат: Трифун, Трајан, Трајанка, Трајко, Трајче…)

Меѓу поголемите празници кои македонскиот народ ги празнува со многу обичаи спаѓа и Свети Трифун, празник главно познат по обредното закројување на лозјата. Едни го сметаат за последен од зимските, а други за прв од пролетните празници.

Денеска е Свети маченик Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите.

Во некои краишта на Македонија како што се Охрид и Прилеп празникот е познат и како свети Трипун (или Триун) ‒ пијаница. Како што забележале собирачите на македонските народни умотворби, но и на народните обичаи и верувања, тој бил покровител на меанџискиот еснаф, но и заштитник на лозарите и градинарите.

Се верувало дека тој ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи (болести, инсекти, градоносни облаци и сл.), поради што луѓето го славеле и во негова чест изведувале многу интересни обичаи.

Свети Трифун се празнува на 14 февруари според новиот (или на 1 сечко според стариот) календар. Во повеќе краишта на Македонија на овој ден рано наутро се одело во црквата каде што попот пеел молитва и светел вода. Од оваа вода за која се смета дека со осветувањето е ослободена од сите негативни демони и има лековита моќ, луѓето земале во шишиња и ги прскале лозјата при што го изведувале и обредното закројување.

Следниот ден по Свети Трифун е празникот „Сретение Господне“. Во народот постојат повеќе приказни во врска со тоа како св. Трифун си го пресекол носот. Во преданието од Гевгелиско се раскажува дека свети Трифун и Богородица биле брат и сестра. Еднаш кога Трифун работел во лозјето Богородица тргнала низ полето да бере зелје. Берејќи запеала, Трифун слушајќи го гласот не познал дека тој е од Богородица, па се провикнал: „Ох, ох, ох“. Слушајќи го тоа провикнување Богородица го познала дека е гласот од нејзиниот брат и помислила дека тој си го пресекол носот и дека затоа вика. Отрчала дома, зела крпи и побрзала да му ги однесе за да си го врзе носот. Но кога пошла таму и му кажала што помислила тој рекол: „Јас вака режам, а не вака“. Притоа покажувајќи како го правел тоа, навистина си го пресекол носот. Народот мисли дека Господ го казнил затоа што се провикнал кон својата сестра мислејќи дека е туѓа жена.

На иконите св. Трифун е претставен или со сорче за режење на лози или со наметка како чувар на гуски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Бог не учи да го сакаме ближниот, да живееме во мир и слога и дека преку верата во него ќе ги надминеме сите предизвици.

Мицкоски: Го честитам воскресението Христово, со желби за среќа, радост и благосостојба во секој дом.

Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од Христијанска...

Заев испрати честитка по повод денешниот празник!

Заев до верниците на Католичката црква и протестантските деноминации: Велигден во услови на пандемијата ни дава надеж и сила за победа

Премиерот Зоран Заев испрати писмо со честитки по повод празникот Велигден до д-р Киро...

Традиционално во државава централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше Воскресна света литургија.

Католиците го слават Велигден

Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово...