Василица е голем празник а многу македонски семејства денеска имаат куќна слава, а именден празнуваат Васил, Васко, Васе, Васка…

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 јануари, 2023 9:29

Денеска е Св. Василиј Велики- за многу години!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Православните христијани денеска, на 14 јануари, го одбележуваат денот на свети Василиј Велики во народот познат и како Василица.

Василица е голем празник а многу македонски семејства денеска имаат куќна слава, а именден празнуваат Васил, Васко, Васе, Васка…

Свети Василиј Велики  е христијански светец, теолог и епископ од Кападокија, Мала Азија Во црквата се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и столб на Црквата. Се смета за основач на монашката традиција во источното православие. Како светец бил прогласен по неговата смрт. Православната црква го слави на 1 јануари, односно на 13 јануари, а католичката црква на 2 јануари.

Во црковните богослужби најчесто е нарекуван “пчела на Црквата Христова, која им дава мед на верните и осило на еретиците“. Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата: апологетски, богословски, подвижнички и канонски; и литургија наречена според неговото име. Василиевата литургија се служи десет пати во годината, и тоа: на 1 јануари, наспроти Божик, на Велики Четврток и на Велика Сабота.

Свети Василиј Велики е еден од најголемите светци на христијанството. Роден е во 330 година во Неокесарија, во Понт, од родители Василиј и мајка Света Емелија, кои двајцата потекнувале од познати и богати фамилии, но уште позначајни по својата христијанска вера и живот. Василиевата баба по татко, Света Макрина била ученичка на Свети Григориј Чудотворец, епископ во Неокесарија, која едвај го преживеала максимилијановотото прогонување на христијаните.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.