Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…

Објавил: Валерија Петрова | 8 ноември, 2019 9:39

За многу години Митровден

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е Свети великомаченик Димитриј – Митровден.

Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните.

Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, наврати во Солун, за да ја испита работата. Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.

Празник на заштитникот на градот Солун и почеток на зимската половина од годината

Денеска е Св. великомаченик Димитриј – Митровден.

Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…

Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век.

Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата.

Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството.

Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун.

Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

– Бог се јави нека е честит и вечен празникот, како и сите години така и оваа година. Според преданието на црквата, светиот крст се спушти во реката Брегалница симболизирајќи ја реката Јордан и крштевањето господово. Од ова место од градот Штип посакуваме мир и благослов на сите луѓе, истакна г. Иларион.

ВЕРНИЦИТЕ СЕ ИСПОТЕПАА ВО ШТИП, ПОПОТ СЕ НАЛУТИ И ГО ВРАТИ СВЕТИОТ КРСТ ВО ЦРКАВАТА

Се испотепаа верниците во Штип за светиот крст кој бепше изваден од двајца верници...

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, што се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.

26-годишниот Кристијан Ниновски го извади крстот од водите на Вардар

Најсреќниот учесник на Водици е 26-годишниот Кристијан Ниневски од Скопје кој го извади...

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, што се празнува уште од вториот век.

И оваа година Петар беше најсреќниот – по петти пат го вади крстот од водите на Охридското езеро

Во Охридското езеро голем борј на капачи се фрлија да го фаќаат светиот крст, но најсреќен...