Во народното верување се смета дека на овој ден започнале породилните болки на Пресвета Богородица.

Објавил: admin@magazin | 2 јануари, 2023 13:32

Денеска е СВ.Игнат- тоа што ќе го правите на овој ден ќе го правите цела година

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска е св. Игнат или Игнатов ден  а некаде и „Прв Божик“. Ова е христијански празник кој се празнува на 20 декември, односно на 2 јануари според јулијанскиот календар.

Во народното верување се смета дека на овој ден започнале породилните болки на Пресвета Богородица. Тоа е опеано во народната песна „Се замачи Божја мајка, од Игната до Божика“. Но во преданието на Православната Црква јасно е забележано дека Пресвета Богородица воопшто и немала породилни болки Во Македонија овој празник представува еден од поголемите празници проследуван со многу обичаи и суеверија. Заедничко за сите македонски региони е тоа што смета дека се што ќе се прави на овој ден, ќе ви се случува во текот на целата година.

(Именден празнуваат: Игнат, Иго, Игнатка…)

Свети Игнатиј е роден во Сирија. Кога тој бил дете, според преданието, Исус го зел во прегратка и на учениците им рекол: „Ако не бидете како деца нема да влезете во царството небесно.“

Поради тоа што Исус го носел во прегратка е наречен Богоносец. Тој бил ученик на Jован Богослов, како и свети Поликарп, епископот на Смирна. Игнатиј бил третиот епископ на Антиохиja и наследник на Еводиј Антиохиски. Богоносец се нарекува бидејќи според христијанските преданија, Името на Спасителот секогаш го имал во своето срце и постојано му се молел. На 20 декември, во ден на пагански празник, свети Игнатиј бил изведен во Колосеумот. Тој се обратил кон народот: “Римски мажи, вие знаете дека сум осуден на смрт, не заради злостораство, туку заради мојот Еден Бог, кон кого со љубов сум приврзан и кон Кого стремам. Јас сум негова пченица и ќе ме смелат забите на ѕверовите, за да станам негов чист леб.” Веднаш потоа биле пуштени лавовите. Преданието раскажува дека, одејќи кон местото на страдањето, свети Игнатиј постојано го повторувал името на Исус Христос. Кога го прашале зошто тоа го прави, свети Игнатиј одговорил дека го носи тоа име во своето срце, “а Оној што е запечатен во моето срце, Него со устата го исповедам.

На овој де започнуваат подготовките за празникот Рождество Христово – Божик и затоа се нарекува и Прв Божик. Празникот секогаш е пет дена пред Божик и со него започнуваат свеченостите поврзани со зимските празници. Поголем број обичаи поврзани со овој празник упатуваат на заклучокот дека со овој ден започнуваат и новогодишните обичаи, а има и такви што потсетуваат на свеченостите поврзани со далечните пагански прослави на зимската краткодневица и враќањето на сонцето од јужните напоредници. Во таа смисла се обредните огнови познати кај многу народи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Случајно или не, по само неколку дена од како Левица алармираше за катастрофалната состојба во некогашниот дом за деца и младинци, “Ранка Милановиќ”, ноќва во истиот избувна пожар.

ОД КАКО ЛЕВИЦА ОБЈАВИ ЗА ЛОШИТЕ УСЛОВИ СЕ ЗАПАЛИ ДОМОТ “РАНКА МИЛАНОВИЌ”

ОД КАКО ЛЕВИЦА ОБЈАВИ ЗА ЛОШИТЕ УСЛОВИ СЕ ЗАПАЛИ ДОМОТ “РАНКА МИЛАНОВИЌ” Додека СДС,...

Штотуку започна исплатата за стипендиите на студентите но само на тие што продолжуваат. Покрај тоа што беше ветено дека ќе се започне најпрвин со исплата на ланските

ВЛАДАТА И МОН ПОВТОРНО ГИ ИЗВИСИЈА СТУДЕНТИТЕ

После вчерашната ситуација во Студентскиот дом „Пелагонија“ каде што голем број...

Според неофицијални информации, МВР која правеше претреси во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, пронашла пари во кутии од цигари. Истите биле во кабините на полицајците. Службениците тврделе во судот дека кутиите биле подметнати.

Од вчеравечер, до утрово, уапсените беа во Кривичен суд. Тие негираат вина и сите тврдат дека парите им биле подметнати. До вчера на полноќ, освен полицајците, нема цариници кои се уапсени.

Обвинителството бара мерки за обезбедување присуство, а полициските службеници беа спроведени во Кривичен суд.

Се уште не се соопштени детали од надлежните институции. Првите информации се очекуваат од брифингот на МВР со новинари, кој треба да се одржи денеска.

Командир, заменик командир и осум полицајци уапсени на Табановце: најдени пари во кутии од цигари

Командир, заменик командир и осум полицајци вчера се уапсени на граничниот премин...

Владата на ВМРО-ДПМНЕ немаше да имаме девизни резерви. Значи, структурните политики од некој друг период се најдоа и во услови на тековни кризи. Интервенциите со девизните резерви за заштита на курсот биле и ќе бидат нешто за што има консензус во економијата, кој не спаси од уште повисока инфлација. Но, не се спасиме од неуспешноста на Владата да преземе навремени мерки, енергетскиот менаџмент да испорача струја и од не навременоста на НБРМ да преземе и комуницира јасно со јавноста дека ја затега монетарната политика со сите можни инструменти. Кај нас сегашната ситуација е како после свадба тапани.

ВМРО-ДПМНЕ: Нема оправдување за високата инфлација, таа е неуспех на Владата и централната банка

Нема оправдување за високата инфлација. Таа е неуспех на Владата и централната банка,...