Нивната дејност наишла на силен отпор кај германските свештеници кои жестоко се бореле против воведувањето на словенскиот јазик во богослужбата и против глагоското писмо.

Објавил: Стојче Бушин | 24 мај, 2020 10:14

Денеска е Св. Кирил и Методиј – Денот на словенските просветители!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите!

Со доаѓањето на Словените во Македонија, тие со себе ги донеле и своите пагански верувања и својот јазик. За писмено изразување употребувале црти и рески. Сепак со доаѓањето во Македонија и на јужниот Балкан се сретнале со напредна култура и развиена писменост.

Словените од староседелското население го примиле писмото кое било во употреба на тие простори и го користеле во писменото изразување.
Но со постојните букви на грчкото унцијално писмо или со римското латинично писмо, не можеле да ги пишуваат сите карактеристични словенски гласови кои ги изговарале. Поради тоа, се појавила потреба да се создадат нови знаци – букви, со кои ќе се пишуваат словенските зборови, те. писмено ќе се забележува јазикот на Словените. Создавањето на азбука за Словените било дипломатски чекор на Византија, а со азбуката византиската придобивка била двојна.

Со доаѓањето на Словените во Македонија, тие со себе ги донеле и своите пагански верувања и својот јазик. За писмено изразување употребувале црти и рески. Сепак со доаѓањето во Македонија и на јужниот Балкан се сретнале со напредна култура и развиена писменост.

Прво – полесно се ширело Христијанството кај Словените и второ, Византија придобивајќи ги балканските словени на своја страна си обезбедувала подобра позиција против Бугарската држава која напаѓала на територијата на Византија на Балканот.

Задачата за создавање на словенско писмо, од византискиот двор ја добил Кирил (Константин Филозоф), кој имал целосна поддршка и помош од неговиот брат Методиј.

 Биографии на Кирил и Методиј

Константин и Методиј се браќа родени и пораснати во Солун. Потекнуваат од угледно солунско семејство. Нивни родители биле Лав и Марија.

 Методиј е роден во 826 год. Се школувал во специјални училишта за стекнување на воени вештини и за извршување на високи државни функции. Поради стекнатото знаење и способностите кои ги поседувал, Методиј на 20 годишна возраст, од визнтискиот двор добил чин Војвода. Тој како војвода во 845 година бил испратен да биде управник на Словенското кнежевство во Македонија, кое се простирало во Струмичко – брегалничкиот регион. Задача на Методиј била да ја осигура поддршката на месното население во борбата против бугарските напади на таа територија.

 Константин, познат под монашкото име Кирил, бил роден во 827 год. Се школувал во солунските училишта во кои оделе само децата од поимотните семејства. Како најдобар ученик, рано се школувал на Цариградскиот универзитет (Магнаурската школа). Таму изучувал повеќе науки и повеќе јазици. По завршувањето на студиите Константин станал професор по филозофија во универзитетот во кој и самиот учел претходно. Како вреден и образован стекнал голема доверба на византискиот двор.

 Мисиите на Кирил и Методиј
Мисија кај Сарацените

Прва мисија на Константин била мисијата кај Сарацените во Багдад. Со оглед на тоа што го познавал арапскиот јазик и Коранот, бил испратен од византискиот император Михаил III во дипломатска помирителна мисија кај Сарацените. Мисијата била во периодот (851 -856 год). Во оваа прва своја дипломатска мисија Константин успеал да ослободи извесен број (околу 1000) византиски заробеници кои ги вратил во Византија.

 Потоа бил испратен да му помогна на својот брат во Словенското кнежевство во Македонија (оваа е тн. Брегалничка мисија). Доаѓајќи во брегалничко,  според легендата Константин покрстил 54000 словени. Таму Константин ги воочил проблемите со кои се соочуваат словените со немањето на своја азбука и неможноста да се употребува грчкото унцијално писмо и латничното писмо за запишување на специфичните словенски гласови.

 Во 860 год – Константин е испратен од Византија кај Хазарите на (Кримскиот п-ов) брегот на Црно море. Тие немале официјална религија. Кај хазарското население имало  Евреи, Муслимани, Христијани и пагани (многубошци). Задача на Константин во оваа дипломатска и верска мисија во Хазарскит каганат била да го прошири христијанството на оваа територија и да ослободи византиски затвореници. Тој со себе го понел и својот брат Методиј.

Во оваа мисија на Крим тие ги откриле моштите на Папата Климент I (Римски) и со верски почести ги положиле во црквата Св.Димитрија во градот Херсон. Константин напишал и „Пофално слово“  и химна за папата Климент. Дел од моштите Константин понел со себе.

 По успешната мисија кај Хазарите, Константин бил испратен во нова мисија кај Аланите, во градот Фула, на источниот брег на Црно море. И оваа мисија успешно ја завршил покрстувајќи голем број пагани.

 Мисијата во Велика Моравија

Во 863 год. моравскиот кнез Ростислав побарал од Византискиот император Михаил III да му испрати мисионери за заштита од влијанието на германското свештенство и германските мисионери. Византискиот император на мисија во Велика Моравија ги испратил  Константин и Методиј. Специјално за престојната мисија, браќата создале посебна азбука според јазикот кој го зборувале Словените, составена од 38 букви, Оваа азбука наречена е ГЛАГОЛИЦА. Превеле дел од Библијата на словенски јазик и неколку богослужбени книги на словенски и заминале во Велика Моравија.

Нивната дејност наишла на силен отпор кај германските свештеници кои жестоко се бореле против воведувањето на словенскиот јазик во богослужбата и против глагоското писмо.

Веста за мисионерите во Моравија стигнала и до Папата Никола I, па двајцата браќа тргнале кон Рим, на средба со Папата.

Традиционално, 24 Мај беше ден само на образовните институции и на просветните работници, а од 2007 година тој е и државен празник во нашата земја и неработен ден за сите граѓани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според него, СДСМ скоро никогаш не победувале на избори, но кога ќе ја презеле власта, рече тој, прават национални предавства.

Мицкоски за Сител: Ако случајно дојде СДСМ на власт, тогаш ќе се случи федерализација, а втор чекор целосно уништување

Генерално би издвоил три дела од програмата, ние нудиме 1000 решенија за 1000 проблеми,...

Во нашата кампања промовиравме одлична идеја и голем сон. Сонот за еднаквост, сонот за прв премиер Албанец Македонија, порача Зибери од пред Собранието на Македонија.

ЗИБЕРИ: Наскоро ќе биде избран првиот премиер Албанец.

Денес автобусот „Оствари го сонот“ пристигна и на следната станица, пред Собранието....

Сликата сегде е тажна, мачна, луѓето не се задоволни од секојдневието, не се задоволни од оваа политичка пандемија наречена СДСМ и Заев која трае веќе три години. Но, народот се исправа и сака промени, сака обнова. На 15 јули доаѓа обновата во Македонија, потенцираше Мицкоски!

Мицкоски: Раководство на СДСМ ја донесе Македонија на дното и ја претвори во хибриден режим

Огромна победа е во најава, луѓето се обединуваат околу обновата, луѓето се решени,...

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануват сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк, ќе трае до 21 часот на 15 јули

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите...