(Именден празнуваат: Трифун, Трајан, Трајанка, Трајко, Трајче…)

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 февруари, 2020 10:12

Денеска е Св. Трифун- нека е за многу години

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска е Свети маченик Трифун, заштитник на градинарите и на лозаритеМомчето што на 17-годишна возраст со Божја помош ја излекува царската ќерка Гордана којашто не можеше да ја излекува ниту еден лекар во империјата се стекна со голема слава и настрада на 21-годишна возраст, но остана во споменот на целиот христијански православен свет како поим за младост и доследност на христијанските традиции. Подоцна за свој покровител го зеле градинарите, лозарите и меанџиите.

(Именден празнуваат: Трифун, Трајан, Трајанка, Трајко, Трајче…)

Православната црква неговиот ден го чествува на 1 февруари според јулијанскиот календар, т.е. на 14 февруари, според грегоријанскиот календар како ден на лозарите и градинарите, а тој се смета и како покровител на меанџиите.

Св. Трифун е роден околу 225 година, во селото Комсада, во римската провинција Фригија, во Мала Азија. Родителите му биле христијани, така што и тој бил воспитуван во согласност со христијанската вера.Според христијанските верувања, уште од раното детство во него се пројавила необична Божја благодат со покажување на дар на чудотворство. Тој, на изненадување на своите современици, имал моќ над болните. Посебно душевно заболените по погледот на младиот Трифун биле излекувани. Некоја необична исцелителна сила зрачела од неговиот поглед. Меѓу многубројните негови чуда кои што ги вршел, се споменува и исцелувањето на ќерката на римскиот император Гордијан. Тој имал необично убава ќерка и поради нејзината убавина многу кнезови ја проселе за своите синови. Но, се случило несреќа да оваа убава принцеза душевно се разболи. При страшните настапи на болеста, таа многу пати сакала да се фрли во оган или во вода. Ниеден лекар не можел да ја излечи, а на девојката ѝ било откриено дека единствено може да ја излечи „детето Трифун“, кое тогаш имало 17 години.[2] [3]
Дознавајќи за необичната моќ на фригиското момче Трифун, царот го повикал да ја спаси неговата ќерка. Царските слуги, по долго барање во Фригија, го нашле момчето покрај езеро како чува гуски. Затоа, тој често на иконите се слика опкружен со гуски. Тогаш, тие го повеле во Рим и тој веднаш ја излекувал. По излекувањето настапила неописива радост во дворот. Царот богато го наградил Свети Трифун, но тој не го задржал добиеното богатство, туку веднаш го разделил на сиромашните, и самиот живеел скромно во своето родно место. Но, по смртта на царот Гордијан, кој бил трпелив спрема христијаните, во 249 година на власт дошол крволочниот цар Дециј Трајан, кој наредил да се прогонуваат христијаните. Сите оние кои не сакале да се одречат, ги фаќале, ги мачеле и убивале.
Светиот маченик не сакал да бега во пустината и пошол кај управникот на покраината Акилин. Тој му наредил да им се поклони на боговите, во спротивно ќе биде подложен на најстрашни маки. Свети Трифун ја одбил неговата наредба и бил одведен во Никеја, по што следувало неговото мачење. Кога виделе дека ни мачењата не помагаат, решиле да го посечат со меч. Но, мачителот претходно наредил да го врзат за еден коњ и така вржан бос да го поведат во планината. Од силниот мраз и студ почнале да ну отпаѓаат меса и прстите од нозете, но тој тоа го трпел без збор и, наместо протест, од усните на овој маченик се слушнала молитвата за гонителите: „Господи не им го пишувај ова за грев“. Најпосле, на денот кога требало да биде погубен, св. Трифун ја предал душата пред џелатот да го стави мечот на неговиот врат. Тоа се случило на 14 февруари 250 година.[5] Христијаните од ова место го зеле телото на маченикот и го пренеле во неговото родно место. Еден дел од светите мошти денес се наоѓаат во Москва, во храмот посветен на Светиот маченик Трифун.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Панчевски, експресно за само две недели и во неколку рочишта, велешкиот суд го прогласи за виновен за злоупотреби на АКМИС системот во Кривичен, додека беше претседател на судот. Наместо предметите да ги дели електронски, ги делел на рака кај судии кои му биле од доверба. Станува збор за 40 предмети. Адвокатите на Панчевски не се задоволни од пресудата.

Укинат притворот на Владимир Панчевски!

Владимир Панчевски е дома. Откако доцна синоќа беше осуден на 3 години и шест месеци...

Според Управата, на одредени места врнежите се очекува да бидат поинтензивни, да паднат за кратко време и да бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер.

Силните врнежи може да ги излеат помалите реки и да направат поплави ширум Македонија

И покрај најавените поројни врнежи во наредните денови, нема опасност од излевање...

Епидемиологот, д-р. Александар Стојанов, директор на Центарот за Јавно здравје и член на Комисијата за заразни болести, предупредува дека со непослушноста на граѓаните може да ни се случуваат и четирицифрени бројки на инфицирани со Ковид-19 на дневна основа, нагласувајќи дека во нашава земја серизно недостасуваат казни.

Д-р Стојанов: Крајно сум разочаран, мерките не се почитуваат- ќе има и четирицифрени бројки на заразени!

Бројот на починати во Македонија надмина 500. Од вчера веќе има точно 505 починати пациенти...