Македонија
Вести
Денеска е голем христијански празник, македонската православна црква и нејзините верници го одбележуваат Спасовден.
Овој ден, Спасовден е еден од десетте големи празници кои се посветени на Господ Исус Христос кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Света Тројца (Духовден).Спасовден е секогаш е во четврток.

Според народните обичаи, оние кои го празнуваат овој голем ден, Спасовден колат јагне, а според народните верувања се верува дека мажите на овој ден не смеат да се бричат, а жените да се бањаат.
Старите обичаи наложуваат на овој ден да не се спие преку ден за да не ја преспиете целата година, а се верува и дека не треба да се јаде ништо додека наутро не се вкусат јагоди. Се верува дека не треба на овој ден да се вкусува ново овошје.
Обичај е и пред Спасовден да се избањате во река или море.
Во претпладневните часови на Спасовден се оди на празничен излет во месноста Покладишќа, каде што сега е изграден мошне убав црковен храм „Св. Спас“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.