недела, 5 февруари 2023

MK/ EN/ DE



Од БЕГ информираат дека за домаќинствата и правните субјекти во Скопје кои се приклучени на централниот систем за топлинска енергија, од 15 октомври 2020 година ќе започне регулираниот период за редовна испорака на топлинска енергија, кој вообичаено трае, сѐ до 15 април следната година.

Објавил: Владо Марин | 15 октомври, 2020 16:26

Денеска започна новата грејна сезона

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска започна грејната сезона 2020/2021 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува БЕГ.

Од БЕГ информираат дека за домаќинствата и правните субјекти во Скопје кои се приклучени на централниот систем за топлинска енергија, од 15 октомври 2020 година ќе започне регулираниот период за редовна испорака на топлинска енергија, кој вообичаено трае, сѐ до 15 април следната година.

Во рамките на овој период, испораката на топлинска енергија се врши од 6-22 часот по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури. Овие правила и дијаграми се утврдени во регулативата за испорака на топлина до потрошувачите одобрена од Регулаторната Комисија за Енергетика на Република Македонија.

Доколку надворешните температури се пониски, во текот на регулираниот период се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 +1 степен Целзиусов.

При одредени атмосферски услови на доволно топло време, кога не е потребно никакво греење, се прекинува испораката на топлинска енергија во периодите на високи надворешни температури, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности, греењето повторно се вклучува.

При испораката на топлинска енергија се обезбдува оптимална потрошувачкa на топлинска енергија со минимални трошоци за греење на корисниците. За сите детали за испораката на топлинска енергија, потрошувачите може да се информираат на веб-страницата www.beg-snabduvanje.com.mk во делот “Регулатива” (Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија Анекс 3), или да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонскиот број 02 3076 200 и на 075 400 100 или преку е-пошта на: contact@beg-snabduvanje.com.mk .

Со цел испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено, потребно е потрошувачите кој кои има дефекти на внатрешната грејна инсталација, да ги отстранат во најкус можен рок и истото да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100.

Исто така, апелираме до сите Управители односно Заедници на сопственици да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската подстаница на објектот и да  обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).

За информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100, а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб страната на Снабдување со топлина Балкан Енерџи: http://beg-snabduvanje.com.mk/customers/pregled-i-veb-prijava-na-defekt/

Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Случајно или не, по само неколку дена од како Левица алармираше за катастрофалната состојба во некогашниот дом за деца и младинци, “Ранка Милановиќ”, ноќва во истиот избувна пожар.

ОД КАКО ЛЕВИЦА ОБЈАВИ ЗА ЛОШИТЕ УСЛОВИ СЕ ЗАПАЛИ ДОМОТ “РАНКА МИЛАНОВИЌ”

ОД КАКО ЛЕВИЦА ОБЈАВИ ЗА ЛОШИТЕ УСЛОВИ СЕ ЗАПАЛИ ДОМОТ “РАНКА МИЛАНОВИЌ” Додека СДС,...

Штотуку започна исплатата за стипендиите на студентите но само на тие што продолжуваат. Покрај тоа што беше ветено дека ќе се започне најпрвин со исплата на ланските

ВЛАДАТА И МОН ПОВТОРНО ГИ ИЗВИСИЈА СТУДЕНТИТЕ

После вчерашната ситуација во Студентскиот дом „Пелагонија“ каде што голем број...

Според неофицијални информации, МВР која правеше претреси во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, пронашла пари во кутии од цигари. Истите биле во кабините на полицајците. Службениците тврделе во судот дека кутиите биле подметнати.

Од вчеравечер, до утрово, уапсените беа во Кривичен суд. Тие негираат вина и сите тврдат дека парите им биле подметнати. До вчера на полноќ, освен полицајците, нема цариници кои се уапсени.

Обвинителството бара мерки за обезбедување присуство, а полициските службеници беа спроведени во Кривичен суд.

Се уште не се соопштени детали од надлежните институции. Првите информации се очекуваат од брифингот на МВР со новинари, кој треба да се одржи денеска.

Командир, заменик командир и осум полицајци уапсени на Табановце: најдени пари во кутии од цигари

Командир, заменик командир и осум полицајци вчера се уапсени на граничниот премин...


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.