Имено за убиството на Пино е обвинета и неговата девојка дваесет и двегодишната скопјанка Ангела Ѓорѓиевска. Таа е обвинета како соучесник во убиството на  26-годишниот Секондо, настан кој се случи на 11 декември лани.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 ноември, 2019 9:35

Денеска започнува судењето за убиството на Пино

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска во Кривичниот суд започнува судењето за убиството на младото момче Пинета Секондо – Пино.

На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда во Скопје од страна на непознат граѓанин, беше пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења.

Имено за убиството на Пино е обвинета и неговата девојка дваесет и двегодишната скопјанка Ангела Ѓорѓиевска. Таа е обвинета како соучесник во убиството на  26-годишниот Секондо, настан кој се случи на 11 декември лани.

По речиси цела година агонија, Ангела денес ќе седне на обвинителна клупа и ќе се соочи со обвинителката Лидија Раичевиќ.

На 5 ноември Пино беше погребан во родната Италија. Неговите најблиски и пријателите за последен пат се простија од Пино Секондо на Реквиемска Миса во неговата татковина Италија.

Пинета (Пино) Секондо беше исчезнат од 11.12.2018 година, а исчезнувачењето во полиција беше пријавено од мајка му Маја. После повеќе од пет месеци истрага, на 29 април годинава, од страна на непознат граѓанин во полиција беше пријавено дека на место викано Башинец во атарот на скопското село Љуботен е пронајден човечки скелет покриен со камења. На 31 мај годинава, пак, МВР до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Ф.А. (27) и А.Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „убиство“.

За време на истрагата првообвинетиот Али Фуркан избега од Скопје. МВР по него распиша меѓународна потерница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во обвинителството се наоѓа и СМС порака помеѓу Заев и лице кое од него бара пари додека Заев му посочува да оди во седиштето на СДСМ каде и од кого ќе ги добие парите. Парите ќе му бидат исплатени во општинската зграда во Струмица од извесни Љупка и Кате.

„ЛА ВЕРИТА“ 2 ДЕЛ: ВИЦЕ ЗАЕВ НАРЕДУВАЛ „ДОЈДИ ВО ШТАБ ЌЕ ТИ ДАДАМ ПАРИ ДА ГЛАСАШ НА ИЗБОРИТЕ“ – Илјадници евра фрлени за поткуп на гласачи во Струмица

Од она што го видовме на „Ла Верита“ во изборните манипулации не бил вклучен само...