„Одлучен удар” е досега најголема вежба која ја организира нашата армија во која учествуваат околу 2.700 војници од армии на уште пет сојузници – САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 јуни, 2019 10:40

Денеска Кавадарци ќе биде под воена опсада!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Денеска граѓаните на Кавадарци  ќе имаат можност на градскиот плоштад да проследат презентација на возила, вооружување и опрема кои се дел од заедничката воена вежба „Одлучен удар„

Заедничката воена вежба „Одлучен удар”, која од 5 јуни до 8 јули во две ротации се одржува во Центарот за поддршка на обуката „Криволак”.

„Одлучен удар” е најголема вежба досега, која ја организира армијата на Република Македонија, во која учествуваат околу 2.700 војници од армии на уште пет сојузници – САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора. Нашата армија и војската на САД учествуваат со по 1.300 војници, додека Црна Гора со 75, Литванија 10, Бугарија 25 и Албанија со 25 војници.

Заедничката воена вежба „Одлучен удар”, која од 5 јуни до 8 јули во две ротации се одржува во Центарот за поддршка на обуката „Криволак”.

Во соопштението на Армијата се наведува дека граѓаните на Кавадарци ќе имаат можност преку директна комуникација поблиску да се запознаат со опремата, постапките и процедурите кои ги извршуваат припадниците на армиите учеснички на оваа досега најголема воена вежба кај нас.

Како вооружена сила на граѓаните на Република Македонија, со постојаниот и резервниот состав, се организира, подготвува и оспособува за водење вооружена борба и борбени и други дејствија за остварување на својата уставна улога и функција за одбрана на Република Македонија, како и за учество во Мисии и задачи за одбрана и чување на мирот и безбедноста и за противтерористички дејства во земјата и странство, во содејство или во состав на колективните системи за безбедност и одбрана (НАТО, ЕУ, ПзМ).

Претседателот ги донесува одбранбениот план и стратегија, одлуките за спроведување на готовноста, ја одобрува организациско-формациската структура на армијата, донесува документи за развој, одлуки за нејзина мобилизација и друго. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести