Студенти

Објавил: Калина Мартинска | 1 октомври, 2024 10:53

Денеска почнува академската година

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денеска ќе се одржат првите академски часови за учебната 2024/2025 година.

Овој настан, го означува почетокот на новата академска година. Но она што го забележа статистиката е дека од година во година бројот на студенти во земјава се намалува.

Центарот за граѓански комуникации забележува дека за 10 години во земјава бројот се намалил за над 7 илјади. Најголем пад од 11.150 студенти, односно 22 отсто има на државните универзитети. Наспроти тоа, на приватните има 4.054 или 56 отсто повеќе.

Бројот на студенти во земјава го достигнал најниското ниво во пандемиската 2020/21. По порастот во следните две учебни години, вкупниот број студенти повторно паднал во последната учебна година.

Пораст се бележи кај приватните и кај верските високообразовни установи, додека кај државните, наспроти големиот и постојан пад, пораст има само на медицинските и на информатичките факултети.

Најголем пад воопшто е забележан кај најголемиот државен универзитет, скопскиот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, каде за десет години има речиси 5.000 студенти помалку, пресмета статистиката. Во овие рамки, најмногу студенти изгубиле Економскиот факултет во Скопје, Филолошкиот факултет и Градежниот факултет. Наспроти намалувањето на бројот на студенти, се зголемува бројот на наставници и соработници.

Само за последните десет години, универзитетскиот кадар пораснал за повеќе од 1.000 лица. Денешниот прв академски час ќе биде одбележи со утринска церемонија, како и со вечерен дел.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.