
Свет
Вести
Првата муслиманска молитва ќе се одржи денеска во Аја Софија во Истанбул откако храмот повторно доби статус на џамија.

Молитвата ќе се одржува во внатрешноста а храмот, а за време на службата христијанските обележја во Аја Софија, ќе бидат покриени со платна.
Инаку влез во храмот ќе им биде дозволен на 500 луѓе, а паралелно на плоштадот „Султан Хамид“ ќе се одржи масовна петочна молитва.
Инаку на почетокот на месецов, државниот совет на Турција (повисок управен суд) официјално го поништи решението од 1934 година за претворање на Аја Софија во Истанбул во музеј.
Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека чека судска одлука за прашањето за евентуална промена на статусот на Аја Софија и дека ќе постапи согласно него.
Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека неговата земја има право да го промени статусот на парламентот, без да се земат предвид мислењата на другите земји.
Црквата Света Софиja или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна православна базилика, која во текот на својата историја била претворена во џамија, а денес е музеј. Објектот се наоѓа во реонот Фатих во Истанбул, Турција. Во периодот кога била изградена, односно во 4 век, до 1453 година служела како византиска катедрала на Константинопол, освен во периодот од 1204 до 1261 година, кога била претворена во римокатоличка катедрала по заземањето на градот од страна на крстоносците и основањето на Латинската Империја. Како џамија, објектот служел од 29 мај 1453 година до 1931 година, кога истата била затворена. Од 1 февруари 1935 година претставува музеј.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.