17 обвинети денеска ќе ја чујат пресудата за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на РМ и за помагање

Објавил: Сања Кукиќ | 15 март, 2019 8:56

Денеска пресуда за настаните од 27 април

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе биде објавена пресудата за 17 обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на РМ и за помагање, за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година.

Случајот го води судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението Вилма Русковска.

Со Законот за амнестија помилувани беа 15 обвинети, позитивно мислење по барањата за амнестија, добија петтемината пратеници – Мукоски, Арнаудов, Василевски, Тарчуловски и Димовски, организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Борис Дамовски, вработените во кабинетот на тогашниот собраниски спикер Иван Цветановски и Елена Доцевска-Божиновска, браќата Младеновски кои први открија детали за организацијата на крвавиот четврток и Захарије Симовски, Илија Славевски и Митре Питроповски од патриотските здруженија.

Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.

На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

Чавков на денешното рочиште ќе биде спроведен од затворот „Скопје“, каде се наоѓа поради одредената мерка притвор поради можност од бегство.

На извршителите во овој процес јавното обвинителство им придодаде и петмина организатори на настаните од 27 април:  Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Никола Бошковски, кои се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во 2017 Заев: Ова е политичка манипулација од страна на нашиот политички опонент којшто сака да го дефокусира вниманието . 2019 Македонија има план – на бегалците им нуди домување, образование, вработување.

Зоран Заев со нов план за живот, мигрантите се на пат, се чека само погоден момент?

Националната телевизија Алфа со прашање до владата: Дали последните препораки од американската...