На претходите рочишта, обвинителството и одбраната ги дадоа завршните зборови. Обвинителството смета дека обвинитите се виновни за организирање на настаните на 27 април 2017 годна, а адвокатите побараа ослободителни пресуди.

Објавил: Владо Марин | 26 јули, 2021 9:43

Денеска пресуда за „Организатори на 27 април“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Судечкиот совет од Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да ја објави пресудата за случајот „Организатори на 27 април“.

На претходите рочишта, обвинителството и одбраната ги дадоа завршните зборови. Обвинителството смета дека обвинитите се виновни за организирање на настаните на 27 април 2017 годна, а адвокатите побараа ослободителни пресуди.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.

Кривичниот совет за овој случај го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, обвинетите знаеле точно што прават и фрлиле се на една карта со единствена цел да се спречи формирање на влада од веќе обезбеденото парламентарно мнозинство.

Судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието започна на 21 февруари 2020 година.

Обвинителниот акт ОЈО за гонење организиран криминал и корупција до Кривичниот суд го поднесе на 31 мај 2019 година, а беше прифатен во 31 јануари 2020 година.

Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

-До Општинската изборна комисија за вториот круг локални избори, во Кичево се доставени рекорден број барања на лица болни и изнемоштени кои побарале своето демократско право на глас да го искористат во домашни услови, пренесе Сител!

Рекорден број болни и изнемоштени ќе гласаат во вториот изборен круг во Кичево

Во вториот круг од Локалните избори 2021 во Општина Кичево ќе гласаат 454 болни и изнемоштени...

Според проценка од тоа што може да се види на преносто од митингот, во салата се присутни само околу 1.000 луѓе.

Невиден резил на централниот митинг на СДСМ – Двајца без тројца во салата во Скопје

СДСМ вечерва во салата Борис Трајковски одржува митинг насловен како „Голем граѓански...

На 31-ви октомври да покажеме дека можеме да донесеме вистинска одлука и да продолжиме на вистинскиот пат! Да го заокружиме бројот 12 и да донесеме уште една голема победа за Охрид, вели тој!

Заев и Константин во Охрид во потрага по гласови

Ајде заедно да продолжиме да го развиваме Охрид, да го направиме посакувано место за...