Живот
Настани
Од утре почнува Божикниот пост кој трае 40 дена.
Денот пред почетокот на Божикните пости е наречен Божикни поклади.
Постите се период кој му претходи на празникот Рождество Христово – Божик. Постот од 40 дена според црквата се нарекува и Филипов пост, бидејќи започнува по 27 ноември – Денот на споменот на Апостол Филип.
Божикниот пост е востановен за верниците да можат во пресрет на Рождеството Христово, да се исчистиат себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да го пресретнат Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи му го, наместо обични дарови и жртви, чистото срце на верниците и желбата за последување на Неговото учење.
Правилата на воздржание, пропишани од Црквата во Божикниот пост се исто како и за Петровденскиот пост.
Во времето на постот се избегнуваат месото, путерот, млекото, јајцата, сирењето. Освен тоа, во понеделник, среда и петок во Божикниот пост не се јаде риба, вино и масло и дозволено е само примање на храна без масло.
Во останатите денови – вторник, четврток, сабота и недела разрешена е храна со растително масло.
Рибата за време на Божикниот пост е дозволена во саботите и неделите, како и на големите празници, каков што е празникот Воведение во храмот на Пресвета Богородица, а исто така и на храмови празници и деновите на големите светии, но само доколку тие празници се паднат во вторник или четврток. Доколку празникот се падне во среда или петок се разрешува на вино и масло.
Од 2 до 6 јануари постот се засилува и во тие денови, дури и во сабота и недела рибата не е благословена, препорачуваат црковните правила.
Повеќе на овој ЛИНК
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Настани
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.