Се претпоставува дека во Втората Светска Војна во која учествуваа 61 земја, до 1945 година околу 57 милион луѓе загинале, вклучувајќи геноцид како што е Холокаустот. Втората светска војна е пример за тотална војна, каде што се вклучени и фронтот и бомбардирањето на цивили. Атомската бомба, млазниот авион и радарот се само некои од изумите за време на војната.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 мај, 2020 10:14

Денеска се одбележува денот на победата над фашизмот

Фото/Текст извор: ©слободен печат

Денеска е 9 мај, денот кога светот го одбележува Денот на победата над фашизмот. На овој ден далечната 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна.

Се претпоставува дека во Втората Светска Војна во која учествуваа 61 земја, до 1945 година околу 57 милион луѓе загинале, вклучувајќи геноцид како што е Холокаустот. Втората светска војна е пример за тотална војна, каде што се вклучени и фронтот и бомбардирањето на цивили. Атомската бомба, млазниот авион и радарот се само некои од изумите за време на војната.

Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по полноќ, на 9 мај. Капитулацијата во име на Врховната германска команда ја потпишаа фелдмаршалот Вилхелм Кајтел, генералот Ханс Јирген Штумпф и адмиралот Ханс Георг фон Фридебург. Од страна на сојузниците договорот го потпишаа рускиот маршал Георги Жуков и британскиот генерал Артур Тедер.

Од над 50-те милиони жртви, 20 милиони беа од тогашниот Советски сојуз, а повеќе од 30 милиони беа цивили. Во нацистичките логори беа убиени околу 12,5 милиони луѓе, од нив шест милиони Евреи. Материјалната штета од Втората светска војна само во Европа беше проценета на околу 260 милијарди американски долари

На Далечниот исток, војната заврши дури на 2 септември 1945 година, кога Јапонија капитулираше по бомбардирањето Хирошима и Нагасаки со дотогаш непознатото оружје, атомската бомба.

Македонија за време на Втората светска војна беше на страната на антифашистичката коалиција. Во борбите против фашистичките окупатори, според проценките на историчарите, во Македонија загинале 33.000 луѓе, вклучучувајќи ги и преку 7.000 македонски Евреи, кои беа депортирани во концентрацискиот логор Треблинка.

Централната манифестација во светот по повод победата над фашизмот традиционално се одржува во  Москва на Црвениот плоштад со дефиле на припадници на различни родови на руската армија, како и ветерани од Втората светска војна. Но, оваа година поради пандемијата на коронавирусот, ќе биде одржана само воздухопловна парада на авиони и хеликоптери на небото над Москва. Големата воена парада и маршот на „Бесмртниот полк”, според најавите на руските власти, ќе бидат одржани кога ќе има услови за тоа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести