Како што соопшти владината прес-служба покрај премиерот Заев на официјалното отворање ќе присуствуваат и вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николоски и министрите за финансии, за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Арјанит Хоџа.

Објавил: Перо Милчин | 26 ноември, 2020 12:26

Денеска се отвора фабриката за пилешко месо на „Интернешанал фреш фуд”

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во село Гиновци, општина Ранковце денеска е отворен нов производствен капацитет за пилешко месо на конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интернешанал фреш фуд”!

Како што соопшти владината прес-служба покрај премиерот Заев на официјалното отворање ќе присуствуваат и вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николоски и министрите за финансии, за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Арјанит Хоџа.

Конзорциумот „Интернешанал фреш фуд„ ќе започне со бројлерско производство во селото Гиновци во Општина Ранковце, ќе отвори нови 3.000 работни места и ќе инвестира над 50 милиони евра во наредните пет години.

Со отварање на „Интернешанал фреш фуд„ ќе се намали увозот на свежо пилешко месо и ќе се зголеми извозот на странските пазари.
Како што истакна премиерот Зоран Заев се работи за нова модерна инвестиција со највисоки стандарди во производството на свежо пилешко месо.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

На денешната седница Владата донесе одлука за итна финансиска помош во висина од 6.000.000 денари за ублажување на штетите од земјотресот што денеска ја погоди Република Хрватска.

Донесена финансиска поддршка за малите лозарски стопанства и за производителите на ориз

Владата на Република Македонија на денешната 35-та седница донесе измени и дополнувања...