Ниедна личност не е толку сврзана со овој народ како што е свети Климент Охридски. Затоа го нарекуваме наш најголем светител, просветител и учител.

Објавил: Сара Фемина | 8 декември, 2019 10:38

Денеска се празнува Свети Климент Охридски Чудотворец

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска на осми декември се одбележува како Ден на св.Климент Охридски Чудотворец, најпознатиот ученик на браќата Кирил и Методиј, голема фигура во христијанството и во просветителството.

Свети Климент Охридски е македонски светец и еден од учениците на светите Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на Методиj, бил истеран од Панонија од Германите и заедно со Наум и Ангелариј побарале спас во тогашна Бугарија.

По барање на бугарскиот цар Борис I оди во Охрид, (административно регионот во тогашното царство бил познат како Кутмичевица) каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици.

Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско-проcветителските, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и пофални зборови, но во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: св. Ѓорѓи, св. Тома, св. Антониј, потоа слова посветени на Богородица и слова посветени за настаните од животот на Исус Христос.

Тој е познат македонски и словенски учител и исто е познат по градот Охрид.

Св. Климент бил и првиот Епископ Словенски со титула Епископ Велички.
Во чест на светецот, во Македонија и Бугарија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје (соборниот храм) го носи името на свети Климент, исто така бугарската антарктичка база, универзитетот во Битола, Софискиот државен универзитет и Националната и универзитетска библиотека на Македонија го носат неговото име. Најголемиот дел од моштите на св. Климент се чува во Македонија, во Плаошник, а покрај нив, во Македонија има мошти на св. Климент во Бигорскиот манастир, во Митрополијата во Битола, во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ – Скопје, во црквата „Св. Климент Охридски“ – Скопје и во Поречкиот манастир.

Во црквата на Светите Седмочисленици во Софија (Бугарија), има дел од моштите со големина на нокот, а во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Пловдив има честица од моштите кои се подарок од МПЦ-ОА во 2008 година. Неговиот череп се чува во манастирот „Св. Јован Претеча“ кај Бер (Верија), во Егејска Македонија. Черепот го зеле двајца монаси за време на пренесувањето на моштите на светецот од охридската црква Св. Пантелејмон, која Турците ја претвориле во џамија, во црквата Мал Св. Климент, а потоа во црквата Св. Богородица Перивлепта. Монасите веднаш ја однесле главата во манастирот во Бер, каде св. Климент Охридски станал монах.

Во 1970-тите, една честичка од моштите била однесена и во Рим. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Обраќањето на претседателот Пендаровски ќе биде пренесувано во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата на претседателот и на YouTube каналот.

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на Илинден во Пелинце

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати на одбележувањето на државниот...

“Во чест на Илинден заедно со коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ тргнавме од Зубовце до славното Крушево.

КОЊИЧКИ МАРШ ЗА ИЛИНДЕН: Пратеничката Мизрахи на чело на коњицата кон Мечкин Камен

Пратеничката во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, годинава ја предводи...