
Македонија
Вести
Денеска се празнува големиот христијански празник Свети Никола – Чудотворец, или кај народот познат како светецот, кој е заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, пекарите, аптекарите, трговците, патниците.
Свети Никола е слава која ја одбележуваат најмногу семејства.
Според народните верувања на овој ден не се работат никакви домашни работи, не треба да се чисти, усисува, пере …

Во христијанскиот календар, Свети Никола се слави на 6 декември според новиот Грегоријански календар т.е. на 19 декември, според стариот Јулијански календар.
Според еднонародно верување, на овој ден не треба да го потсетувате оној кој должи. За оние кои го слават овој ден како куќна слава сеносат подароци но и оние кои го слават празникот според народните обичаи своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат по некој дар.
Во Македонија има повеќе цркви од Свети Никола.Култот на Св. Никола е познат од VI век, а најстарото житие за него потекнува од IX век. Важел за заштитник на целото население и од целиот свет, поради што високо го ценат сите христијани
Христијаните веруваат дека тој помагал на сите повици и дека од неговото лице сјаело светлост. Во својата старост се разболел и починал на 6 декември 343 година.
Христијаните веруваат дека Свети Никола Чудотворец на многу пати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.