За многу години!

Објавил: Сара Фемина | 19 декември, 2020 8:58

ДЕНЕСКА СЕ ПРАЗНУВА СВ. НИКОЛА ЧУДОТВОРЕЦ: Еве што никако не треба да правите на овој ден

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска на 19 декември, православните верници во Македонија ја празнуваат најчестата слава во македонските домови, Свети Никола.

Станува збор за посна слава, па на трпезата ќе доминираат посна сарма, посно гравче, риба.

Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.

Се верува дека луѓето ги штител од секакви неприлики, но сепак во народното предание најповеќе е запаметен како господар на водите, на морињата, а со тоа и заштитник на корабите и на патниците што патувале со нив. Затоа, пред него се молат особено оние што тргнуваат на пат по вода.

Во македонските народни преданија се раскажува дека еднаш кога патувал по вода бродот потонал, а тој шест недели поминал на една штица.

За цело време се молел на Бога да го спаси, а Господ не само што го спасил, туку затоа што бил исполнет со верба кон Бога и што го молел го назначил за заштитник на морепловците.

Во Република Македонија, празникот Свети Никола се слави на 19 декември и на 22 мај како Свети Никола Летни.

Во Бигорски Манастир се чува делче од чесните мошти на Св.Никола.

Се верува дека луѓето ги штител од секакви неприлики, но сепак во народното предание најповеќе е запаметен како господар на водите, на морињата, а со тоа и заштитник на корабите и на патниците што патувале со нив. Затоа, пред него се молат особено оние што тргнуваат на пат по вода.

Народни обичаи

Култот на Св. Никола е познат од VI век, а најстарото житие за него потекнува од IX век. Важел за заштитник на целото население и од целиот свет, поради што високо го ценат сите христијани.

Од истите причини на овие простори во минатото го почитувале и Турците, коишто како што стои во некои записи го викале “Ад’рбаба”, што значи јадар татко или голем татко.

Се верува дека луѓето ги штител од секакви неприлики, но сепак во народното предание најповеќе е запаметен како господар на водите, на морињата, а со тоа и заштитник на корабите и на патниците што патувале со нив. Затоа, пред него се молат особено оние што тргнуваат на пат по вода. Во македонските народни преданија се раскажува дека еднаш кога патувал по вода бродот потонал, а тој шест недели поминал на една штица.

За цело време се молел на Бога да го спаси, а Господ не само што го спасил, туку затоа што бил исполнет со верба кон Бога и што го молел го назначил за заштитник на морепловците. Во таа смисла Марко Цепенковзапишал дека “Свети Никола је на морињата – да варди луѓето од талазите на морето да не се удаат”. Стефан Тановиќ, пак во записите на обичаи и верувања од Гевгелиско на едно место забележал дека овој ден се празнувал “поради дождови и поплави”, а на друго место дека го празнувале рибарите и морепловците, дека секогаш бил на вода и ги држел клучевите од седум извори за да не се удават луѓето, зашто кога би ја пуштил водата сите би се удавиле.

На Дојранското Езеро, на овој ден рибарите не влегувале во чуновите, а и во Солунскиот Заливпрестанувал сообраќајот. И Е. Спространов во обичаите од Охрид забележал дека Свети Никола бил тој “шо и поиљвит морињата.

Тога, каде да се најт гемија или пампур останвит таму макар, стрет море да је, ќе се заприт и ќе го држит (ќе го празнуват). Свети Никола е фенерлија, праит чудесиј”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Се верувало дека тој ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи (болести, инсекти, градоносни облаци и сл.), поради што луѓето го славеле и во негова чест изведувале многу интересни обичаи.

ДЕНЕСКА Е СВЕТИ ТРИФУН, ЗАШТИТНИК НА ГРАДИНАРИТЕ И НА ЛОЗАРИТЕ

Денеска е Свети маченик Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите. Момчето што...

Големиот христијански празник - Водици, се слави на 19 јануари, со традиционално фрлање за Светиот крст, но поради пандемијата со коронавирусот, годинава оваа традиција нема да се одржи.

Ноќта пред Водици е најмоќната ноќ во годината: Сè е можно, ако го направите ова!

На деветнаесеттиот ден од јануари, православните верници го слават Богојавление, Водици. Големиот...