Македонија
Време
Денеска времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 15 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 20 степени.
Почетокот на октомври ќе ни го одбележи натпросечно топло, стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност, но не за долго поради тоа што веќе од утре облачноста особено попладнето ќе започне умерено да се зголемува и ќе има услови за сосема слаб локален дожд и за ретки грмежи.
Ќе започне да дува умерен ветер од јужен и од југоисточен правец кој на некои места особено долж Повардарието и на исток ќе засилува на интензитет.
Позначителна промена на времето ќе имаме во четврток попладне и навечер како и во текот на ноќта кон петок но и во петок кога ќе имаме врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за сосема ретка појава на град.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Време
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.