Точно 41 година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчински во близина на Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ

Објавил: Сара Фемина | 2 август, 2019 9:37

ДЕНЕС Е ИЛИНДЕН – НЕКА Е ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Св. Илија (Громовникот) е еден од култните свеци кај православните македонци, бидејки православната црква го има поистоветено со Перун Громовникот, од словенската митологија, кога вршела покрстување на Словените.

Култот кон Перун бил широко развиен кај македонските Словени, па така тие го замениле своето омилено божество со христијанскиот светец. Овој култ кон Перун/Илија, и денес е присутен кај македонците.

Св. Илија бил боговидец, чудотворец, ревнител за Божјата вера. Бил родум од племето Ароново, од градот Тесвит и затоа е наречен Тесвитјанин. Кога се родил Илија, неговиот татко Савах видел ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Тоа било предзнак за неговиот пламенен карактер и за богодаруваната огнена сила во него. Целата своја младост ја минал во богомислие и во молитва, повлекувајќи се често во пустината за во тишина да размислува и да се моли. Се смета дека пред крајот на светот, Илија повторно ќе се јави за да ја сотре силата на Антихристот.

Илинденското востание е организирано против Отоманската империја од страна на ТМОРО и претставува еден од најголемите и најзначајните настани од македонската историја.

Илинденското востание е организирано против Отоманската империја од страна на ТМОРО и претставува еден од најголемите и најзначајните настани од македонската историја. По подготовките за востание против Отоманската империја, на 2 август 1903 година на православниот верски празник Св. Илија – Илинден започнало Востанието.

На почетокот на јануари 1903 година, Централниот комитет на ВМРО донел решение да се крене востание летото истата година, иако за тоа немало поволна внатрешна и надворешна ситуација во Македонија, особено што на решението се спротивставиле неколку угледни револуционери, меѓу кои најпознат бил Гоце Делчев.

Сепак, востанието означувало нова фаза од развојот на македонското национално и ослободително движење. На 20 јули (по стар календар), од носно на 2 август 1903 година, на Илинден (по нов календар), почнало Илинденското востание во Македонија. Тоа најголем успех постигнало во Битолскиот револуционерен округ. Успесите потоа се нижеле и во другите области и делови на Македонија.

По подготовките за востание против Отоманската империја, на 2 август 1903 година на православниот верски празник Св. Илија – Илинден започнало Востанието.

Точно 41 година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчински во близина на Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена, со зборовите: „Денеска е Вториот Илинден, последен Илинден на неслободна Македонија, се ставаат темелите на македонската држава“.

Илинден како државен празник е неработен ден во Македонија. Претседателот и владата на Македонија организираат разни свечености на повеќе локации низ Македонија. Традиционално претседателот празникот го чествува во Крушево на Мечкин Камен. Таму е и централната манифестација. Мечкин Камен е посетен од голем број на државни и други делегации и голем број граѓани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Терористичките напади од 11 септември 2001 биле координирани терористички напади на неколку видни цели во САД организирани од Ал-Каеда.

АМЕРИКА НЕ ЗАБОРАВА: 18 години од најголемиот терористички напад во историјата на човештвото!

Исламистите од „Ал Каеда“ на 11 септември во 2001 година го извршија најголемиот терористички...

Под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа разговори за решавање на проблемот што го има Грција со уставното име на Македонија, кои се уште траат.

ЧЕСТИТ 8 – МИ СЕПТЕМВРИ, ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Република Македонија денеска одбележува 28 години од успешно спроведениот референдум...

Она што е воздухот за телото, тоа е слободата за човечката душа и „колку еден народ има поразвиено самосозание, толку повеќе тој ја цени слободата”.

Честитка од БИГОРСКИ МАНАСТИР по повод 8-ми септември Денот на независноста!

Честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Републиката до сите граѓани...

Големата роденденска журка ќе почне во 17 часот, а присутните ќе уживаат во настапите на „Златно Славејче“, детската театарска претстава на Неверленд- Волшебникот од ОЗ, како и со Дизни маскотите.

ПОДАРОЦИ, МУЗИКА И ЗАБАВА: Зоолошката градина утре ќе го прослави 93-от роденден!

Забава со детски песни, театарска претстава, Дизни маскоти и многу други изненадувања...