За многу години!

Објавил: Сара Фемина | 17 декември, 2020 7:22

Денес е света Варвара, ден кога според народните преданија денот е најмал

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска се празнува света Варвара,  еден од поголемите христијански празници од зимскиот циклус кој што е непроменлив и секогаш се паѓа на  17 декември по стариот календар. 

Според народните верувања, на овој ден не се оди никаде на гости туку дека се седело дома. Се верува дека денес кој прв влезе дома таква ќе биде годината. Кој ќе те полази таква среќа ќе ти донесе, затоа народот верувајќи во ова гледал прво мало дете да ти стапне прво дома па среќа ,радост, мила да ти биде годината. Или пак тој што ќе влезе да носи леб со него – за бериќет.

Во народните сфаќања Варвара се поврзува со преминот од есен во зима. Се верува дека од Св.Варвара до Св.Игнатиј Богоносец денот се зголемува колку иглен врв;

Света Варвара е типично женски празник. Народните претстави за празникот и обредноста на Св.Варвара упатуваат на древните женски култови, преосмислени во христијански дух и врзани со култот на Светицата-Големата Божица Мајка.

На божиќната трпеза задолжително мора да има и божиќна пченица која се посадува на празникот св.Варвара!

На овој ден се сади Божиќната пченица која задолжително мора да ја имате на Божиќната трпеза. Пченицата се посадува денес, за да има време да порасне до Божиќ.

За садење потребни ви се рака пченица и чинија во која ќе ја посадите, а постапката е многу лесна. Потребно е пченицата да стои натопена во вода една ноќ, потоа во плитка чинија ставете земја и на неа нанесете ја пченицата, а потоа врз зрната додадете уште малку земја. Посадената пченица треба да ја попрскате и тоа да го правите секојдневно. За да порасне треба да биде на собна температура. 

Исто така пченицата која сте ја посадиле можете да ја прекриете со памучна ткаенина натопена со вода, но кога ќе се појават првите никулци, треба да се тргне за да може пченицата да никне.

Се препорачува домаќинките сами да ја посадат оваа пченица која носи бериќет.

Се посадува пред Божиќ за да има време да порасне до Божиќ.

Според старото верување треба да израсне зелена и бујна, за таква да биде и жетвата во текот на целата година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Се верувало дека тој ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи (болести, инсекти, градоносни облаци и сл.), поради што луѓето го славеле и во негова чест изведувале многу интересни обичаи.

ДЕНЕСКА Е СВЕТИ ТРИФУН, ЗАШТИТНИК НА ГРАДИНАРИТЕ И НА ЛОЗАРИТЕ

Денеска е Свети маченик Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите. Момчето што...

Големиот христијански празник - Водици, се слави на 19 јануари, со традиционално фрлање за Светиот крст, но поради пандемијата со коронавирусот, годинава оваа традиција нема да се одржи.

Ноќта пред Водици е најмоќната ноќ во годината: Сè е можно, ако го направите ова!

На деветнаесеттиот ден од јануари, православните верници го слават Богојавление, Водици. Големиот...