Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Објавил: Стојче Бушин | 27 јануари, 2021 12:56

ДЕНЕС И УТРЕ СТУДЕНО – ПОТОА ПОРАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ НА ВОЗДУХОТ И НОВ ВЛАЖЕН БРАН, ДЕТАЛИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До крајот на денов времето во државава ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Локално ќе провејува слаб снег а ќе дува и засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачува во интервалот од -2 до 7 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Потоа утре и во петок во текот на денотќе има преодна стабилизација на времето, додека од петок во вечерните часови и во текот на ноќта кон сабота следува период на променливо време со нови почести врнежи од дожд и снег на планините. Поради јужното воздушно струење температурите повторно ќе бидат во пораст и максималните дневни во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој во Пелагонија повремено ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

ДЕНЕС РЕЛАТИВНО ТОПЛО – ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ

Денес претпладне времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност,...

Во петок облачноста полека ќе се зголемува, додека за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд.

РАНА НАЈАВА ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ – ДЕТАЛИ

Денес и утре времето во нашата држава ќе се задржи сончево и релативно топло со максимални...